11.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаНаставниците останаа сами: ССМ им откажа поддршка на СОНК- Штрајкот не е...

Наставниците останаа сами: ССМ им откажа поддршка на СОНК- Штрајкот не е авантура !!!

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски упати критики до претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков.

Во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“, Димовски рече дека штрајкот не е авантура и дека СОНК требало да им каже на просветните работници што ќе се случи доколку штрајкуваат.

Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка … се до вчера. Вчера не ми се допадна излагањето на претседателот Јаким Неделков бидејќи можеше барем да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, зборувам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра во штрајк, истакна Димовски.

Смета дека треба да им се помогне на работниците во овие тешки моменти на инфлација и криза, но вели дека ветувањата што синдикалците ќе ги дадат пред работниците треба да се темелат на закони и колективни договори.

– Секој има право да го оствари штрајкот, но мора да кажам – штрајкот не е авантура. Она што ќе го ветиш пред работниците како прв синдикалец, без разлика на која гранка припаѓаш, треба да го исполниш.

Тоа ветување треба да го базираш врз основа на закони, колективни договори и кога ќе го поведеш членството во штрајк, да останеш доследен синдикален лидер и да не се пазариш, туку доследно да ги применуваш законите и колективните договори, односно одредбите кои се пропишани во нив, рече Димовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...