6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаАнгеловска-Бежовска: Банкарскиот систем и курсот на денарот се стабилни

Ангеловска-Бежовска: Банкарскиот систем и курсот на денарот се стабилни

Ревизијата на економскиот раст на земјава од 4,2 на 3,2 отсто што ја објави ММФ е поради војната во Украина, вели гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими учествува на пролетните средби на ММФ и Светска банка.

ММФ ги објави најновите проекции со кои се обидува да ги процени економските ефекти од војната во Украина. Во тој контекст, се прави надолна ревизија, и таа се очекува кај сите земји, вклучително и за Македонија. Глобалниот економски раст по солидната стапка на раст од 6,1 отсто лани, оваа и наредната се предвидува на 3,6 отсто, што е значајно успорување. Во однос на бројките за нашата економија, исто така се прави надолна ревизија од 4,2 проценти на 3,2 отсто за оваа година, а за наредната 2,7 отсто. Овие бројки се слични и со регионот на Западен Балкан, изјави Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка.

Таа посочува дека во тек се и макроекономски проекции, кои ги изготвува Централната банка.

– Ние со последниот сет на макроекономски проекции, што датираат од октомври минатата година, очекувавме раст од 3,9 отсто за оваа година, но со оглед на новонастанатиот шок и ризиците поврзани со тоа, тековно работиме на нови проекции, и постои голема веројатност дека ќе има надолна ревизија, вели Ангеловска-Бежоска.

Таа уверува дека банкарскиот сектор е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците.

– Банкарскиот сектор има доволен капацитет, и да ја задржи својата стабилност и да му помогне на економскиот сектор за полесно да се справи со последиците од овој шок. Кредитниот раст изнесува 9 проценти, при што кредитната поддршка на корпоративниот сектор е 10 отсто, а на населението некаде околу 8 проценти. Важно е во вакви ситуации кога глобалната и домашната економија се соочуваат со ваков шок, банкарскиот сектор за остане здраво ткиво во економијата, посочува гувернерката.

Според неа, не треба да постои никаква загриженост и во однос на стабилноста на девизниот курс.

– Централната банка веќе повеќе од две децении успешно ја одржува стабилноста на курсот на денарот, во однос на еврото, вклучително и во многу кризни епизоди, со кои што сме се соочувале, што е јасна потврда за капацитетот и адекватниот инструментариум, кој што го има Централната банка, истакнува Ангеловска-Бежоска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...