Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе ги прекине разговорите со Москва доколку Русија го уништи украинскиот народ во Мариупол и одржи „псевдореферендуми“ за создавање „псевдорепублики“ во областите окупирани од Русија, објави Ројтерс.
Тој уште еднаш се осврна на прашањето за средбата со Путин и рече дека не се плаши од средба со него.„Немам право да се плашам бидејќи нашиот народ покажа дека нема страв“, рече тој.
Тој додаде дека Украина ќе ги врати сите делови од територијата окупирани од Русија и дека ќе биде во состојба на воена готовност во годините по војната, како и Израел.