13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонија"Македонскиот денар денес слави 30 години"

“Македонскиот денар денес слави 30 години”

„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“. Така првиот премиер на државата Никола Кљусев го претстави денарот како национална валута која официјално беше воведена на 26 април 1992 година (Велигден).

Собранието тогаш донесе пакет на закони со кои државата се осамостои монетарно. На почетокот беа воведени вредносни бонови кои ги заменија тогашните југословенски динари во сооднос 1:1. Замената почна на 27 април 1992 година и траеше три дена. Југословенските книжни пари престанаа да важат на 29 април, а кованите пари од 1, 2 и 5 југословенски динари останаа во промет уште една година.

Вредносните бонови од 25, 50, 100, 500 и 1.000 имаа ист дизајн и се разликуваа само по бојата. На нив не го пишуваше името на новата национална валута. Македониумот беше основен мотив на предната страна, а тутуноберачите на задната.

Македонската валута го носи името денар по истоимената античка римска валута (лат. denarius), која се користела на оваа територија и во минатото. Името го има дадено академик Петар Илиевски, а како предлози во тој период биле разгледани и „македонски динар“ и „лав“.

Првите денари беа пуштени во оптег во 1993 година што ги чинеа серија на банкноти во вредност од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а во 1996 година биле воведени и банкноти во вредност од 1.000 и 5.000 денари.

Во 2016 година биле воведени и банкноти од 200 и 2.000 денари. Истовремено, книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари беа повлечени од оптек како последица на нејзината незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките.

Во 2018 година, Народната банка, која го има правото да издава книжни и ковани пари, ги замени банкнотите од 10 и 50 денари со нови полимерни банкноти.

Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава и јубилејни монети за колекционерски цели.

Денес, во земјава како платежно средство се користат книжни банкноти од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари и метални монети во вредност од 1, 2, 5, 10 и 50 денари.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...