13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаПецаков: Денеска започна големата акција за чистење на дното на Охридското езеро.

Пецаков: Денеска започна големата акција за чистење на дното на Охридското езеро.

Денеска започна големата акција за чистење на дното на Охридското езеро.

Имаме привилегија да поседуваме една ваква уникатна убавина, која е препознаена и запишана како светско природно наследство и затоа треба да вложиме максимални напори за да ја сочуваме за идните генерации. Недозволиво е во овој прекрасен езерски басен за кој научниците тврдат дека е стар околу три милиони години и во кој живеат ендемични видови на растителен и животински свет да се исфрла најразличен отпад. Затоа е потребно да се организираат многу повеќе вакви акции кои може да придонесат за подигање на еколошката свест кај населението за поголема грижа за Охридското Езеро и околината која го опкрижува напиша на Фејзбук градоначалникот на Охрид Пецаков Кирил.

Локалната самоуправа во изминатиот период има организирано неколку еколошки акции за чистење на диви депонии на неколку локации во градот и околните населби, каде беа подигнати огромни количини отпад што покажува дека свеста за заштита на природата и уникатните природни потенцијали за жал се уште е на ниско ниво.

Во акцијата учествуваат 80 нуркачи од Македонија, Србија и Хрватска, а се чисти на три локации, на Градското пристаниште, автокампот Градиште и Музејот на вода.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...