9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонските танчери со Даунов синдром освоија злато на Европското првенство во Варшава

Македонските танчери со Даунов синдром освоија злато на Европското првенство во Варшава

spot_imgspot_img

Танцовото и фитнес студио „Денсерс јунајтед“, од Скопје се вратија од Варшава каде освоија медали од настапот на Европското првенство во танц кој се одржуваше на 29 и 30 април . Во повеќе категории, ова студио освои многу медали. Со инклузивната танцова точка на лица со типичен и со атипичен развој, успеaја да ја одбранат титулата светски прваци и да го освојоат златниот медал од Светскиот куп.

Танчерите на „Денсерс јунајтед“ со типичен развој, од Европското првенство во Варшава си заминаа со уште неколку шампионски титули на европско ниво и тоа: златен медал во категорија младинци група латино поу, сребрени медали во категории деца и јуниори мала група латино шоу, шампионска титула за најмладиот танчер на студиото Емили Нера Кочан во категорија мини кидс латино шоу, сребрени и бронзени медали во категорија латино танци соло девојки и парови младинци.

Во Варшава повторно се вееја македонските знамиња и се пееше македонската химна. И овој пат овие наши културни амбасадори заблескаа во сиот свој сјај. На радоста и на емоциите им немаше крај.

На ваков начин студиото на овие лица им овозможува да изградат успешни приказни во светот на танцот и со сопствен настап или инклузивно со останатите танчери со типичен развој, да освојуваат медали на домашните, европските и светски шампионати – вели Сара Кочан.
Скопското танцово и фитнес студио „Денсерс јунајтед“ е клуб кој повеќе години наназад продуцира врвни танчери и танчерки, кои освојуваат медали на домашни и меѓународни натпревари, во разни категории на танци на европско и на светско ниво. Но, уште позначајно за ова студио, со кое тоа се одвојува од останатите, е тоа што во својата програма, од далечната 2013 година опфаќа и лица со Даун синдром и други попречености.
Извор: Репортер.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...