12.9 C
Ohrid
среда, мај 21, 2025
ПочетнаМакедонијаРечиси половина милион луѓе во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата

Речиси половина милион луѓе во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во изминатиот период се повеќе расте бројот на македонски граѓани коишто живеат во екстремна сиромаштија.

<

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2020 година над 450 илјади граѓани живееле под прагот на сиромаштија во Македонија. Стапката на сиромашни лица од вкупното население е 21.8%, што е зголемување во однос на 2019 година – кога тој процент изнесувал 21.6.

Најголема сиромаштија има во четиричлените семејства со две деца кои се на возраст под 14 години. Расте прагот на сиромаштија и во самечките домаќинства – ако во 2018 година се регистрирани 97 илјади лица, сега бројката е порасната на 110 илјади.

Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека на сиромашни пензионери е 7 проценти.

Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти. Сиромаштијата највеќе ја чувствуваат младитена возраст до 17 години (30.3%), потоа лицата на возраст од 18 до 64 години (21.1%), додека најмал е процентот на пензионерите (13.4%), односно лица над 65 години коишто живеат во сиромаштија.

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Доколку се земе во предвид економската и енергетската криза, пред се како резултат на антируската политика која ја води оваа Влада, континуираната инфлација и постојаното намалување на производство на храна во државата заради лошата аграрна политика, оваа проекција за наредните година речиси е сигурно дека ќе биде далеку полоша.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Продавале „молитви во тегли“ на блиски на загинатите во кочанскиот пожар

Од струмичката епархија на МПЦ-ОА информираа дека во полиција пријавиле случај на измама и злоупотреба на име на владика од Епархијата, а осомничена е...

Сопственици на ресторан од Прилеп, донираа машина за перење во прилепската болница

Сопствениците на еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот BEER TI & JA, денеска донираа машина за перење и хигиенски средства, за потребите на...

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода

Кисела Вода воведува нов концепт за одбележување на полуматурата, кој за првпат во Македонија обезбедува бесплатна и заедничка прослава за сите ученици од деветто...

Беким Максути останува во притвор за кочанската трагедија.

Притворот на Беким Максути, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочан, е продолжен...