15.4 C
Ohrid
сабота, октомври 12, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаврши деценискиот проблем: Вселенската Патријаршија ја призна Охридската Архиепископија за канонска

Заврши деценискиот проблем: Вселенската Патријаршија ја призна Охридската Архиепископија за канонска

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Во официјалното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија.

Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:
Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.

„Трајан Целески - ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта. Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на...

Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор.

Денес, во очи на 11 Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна,...

Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се...