Литургија на помирување: Српскиот патријарх Порфирије и македонскиот архиепископ Стефан ќе служат заедничка литургија во храмот Свети Сава во Белград

Српскиот патријарх Порфирије и македонскиот архиепископ Стефан ќе служат литургија на помирување на 19 мај во храмот Свети Сава во Белград, соопштија од Патријаршијата за Танјуг.

Литургијата ќе започне во девет часот, а ќе служат сите епископи на двете цркви.

Порфирије ги повикува верниците да присуствуваат на архиерејската литургија во што поголем број.

Соборот на СПЦ вчера соопшти дека го прифаќа статусот на најширока можна автономија за Македонската црква, односно целосна внатрешна независност, која и беше доделена во 1959 година.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here