16.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаГолема трагедија во Македонија: 6 годишно дете се удави во Пена, бремената...

Голема трагедија во Македонија: 6 годишно дете се удави во Пена, бремената мајка се обидела да го спаси

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шест годишно детенце денеска трагично го загуби животот откако паднало во реката Пена.

<

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 14 часот преку Е-112 добиле пријава дека дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, паднало во надојдената вода на реката Пена.

Детето претходно си играло покрај брегот, а зад куќата каде живее.

-Неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода. По 50-тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето. Веднаш по дојавата, Центарот ги алармираше сите субјекти – екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребараа целата област. За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, посочуваат од ЦУК.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер во Италија и Швајцарија

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...

Паункоски: Поддршка за младите претприемачи во Дебрца!

Поддршка за младите претприемачи во Дебрца! Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца ветува дека ќе им даде силна поддршка на сите кои ќе сакаат да...