8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаТачи: Јас сум за предвремени избори ако ВМРО каже како ќе ги...

Тачи: Јас сум за предвремени избори ако ВМРО каже како ќе ги реши кризите ако дојде на власт

spot_imgspot_img

Демократската партија на Албанците е партија која опстојува со години, а сега се најавува конгрес на партијата.

Главната тема што ја интересира јавноста а е поврзана со конгресот е дали ќе има промена на претседателската позиција. Веројатно ќе нема. Јас не сум одлучил дали ќе се кандидирам, но од морален аспект не можам да му речам на членството дека ќе се повлечам. Знаете, турбуленции има на конгреси на големите партии каде има големи интереси, вели Мендух Тачи, лидерот на ДПА, за Утрински брифинг.

Тачи најавува промена на политичката сцена на Албанците во Македонија. Според него, малите политички партии на Албанците кои се појавија во последно време набргу ќе исчезнат и ќе останат само два политички субјекта, а едниот од нив е ДУИ – која е константа на власт веќе предолго време, додека другиот според Тачи ќе биде ДПА која ќе почне да зајакнува.

-ДУИ со Али Ахмети ќе се држи додека се на власт. Кога нема да бидат на власт ќе биде друго. Нашата земја помина и поминува низ криза која ги држи партиите споени и да се држат една со друга. Политичките партии ќе се движат вака и тоа нема да се смени, вели Тачи за Утрински брифинг.

Во врска со најавениот митинг на опозицијата закажан за сабота Тачи вели дека не е точно дека опозицијата победи на локалните избори и дека таа изјава не им е адут.

-Ќе им дадеме предвремени избори, но треба да ни дадат аргументи зошто, вели Тачи.

Според анкетите, крајната десница на политичката сцена која се нарекува Левица зајакнува, но, како што вели Тачи, тие немаат коалициски капацитет – со нив никој не сака да коалицира од албанските партии. Во врска со блокадите на Собранието, Тачи вели дека постои опасност да дојдеме во ситуацијата од почетокот на деведесеттите години.
-Јас не сум за директен судир со опозицијата. Би им советувал на нашите коалициски партнери во владата да понудат предвремени избори, но опозицијата прво мора да ни одговори што ќе стори за клучните проблеми од кои едниот е блокадата на евроитеграцискиот процес, вели Тачи.

Тачи вели дека ако власта се договори со опозицијата сериозно да се разговара за евроинтеграциите и санирање на последиците од економската криза може да се разговара и за предвремени избори.

-ДУИ како и сите партии во власта има преземено временски обврски. Ако не ги исполниме ќе имаме проблем. Оти не е проблем кој ќе биде на власт, вели Тачи и додава дека и опозицијата мора да преземе одговорност, а не да добива гласови со националистичка политика. -Во тој случај би можеле да имаме избори кон крајот на 2023 година. Опозицијата има грешка во тактиката. Народот не е веќе спремен да прифати спречување на донесување закони кои ги засегаат граѓаните, објаснува Тачи.

Политиката што ја води Софија води кон заклучок дека служи само да ја зајакне позицијата на Србија.

-Луѓето со кои имам контакти, тие се вчудоневидени како Албанците во Македонија се поиритирани од односот на Бугарија кон Македонија. Бугарија треба да знае дека овој народ тука постои и ќе постои. Пред 70 години го поминавме тоа дали луѓето тука се Бугари или не се. Се прашувам дали тие луѓе таму воопшто имаат интелектуалци? Видете го примерот со Украина. Што оти Русија може да заземе територија? Кој ќе живее таму? Па тоа ќе бидат гулази додека другиот дел од државата ќе живее живот што не е како од 19 век, вели Тачи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...