8.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаСветВИДЕО: Каменувани бугарски новинари во Србија....

ВИДЕО: Каменувани бугарски новинари во Србија….

spot_img

Тим истражувачки новинари на Бугарската национална телевизија (БНТ) и еколошки активисти од Бугарија и Србија биле физички нападнати во Србија, на државниот пат пред рудникот

<

„Подвирови“ во селото Караманица во општина Босилеград, соопштила организацијата „Safe journalists“. Нападот се случи на 14 јуни во попладневните часови.

Во телевизиската екипа биле новинарката Богдана Лазарова, снимателите Димитар Славов и Николај Андрејев и техничарот Роберт Вецов,и екоактивистите од Софија Димитар Куманов од Риболовниот клуб „Балканка“ и Валентин Јанев, Бранко Митов и Димитар Димитров од Босилеград, се вели во соопштението.

Новинарски тим од Бугарија дошол во Србија да сними сторија за загадувањето на животната средина во пограничната област во општина Босилеград, а ги имале сите потребни дозволи за снимање во Србија.

Кога новинарите и активистите се приближиле до рудникот, минибус им го блокирал патот на околу 50 метри од влезот, па тие морале да продолжат пешки.

Во тој момент шест-седум лица, меѓу кои и директорот на рудникот, ја нападнале екипата, прво со камења, а потоа и со тупаници.

Според Бугарската национална телевизија, генералниот конзул на Бугарија во Ниш, Димитар Цанев, дошол во Босилеград и со негова помош била поднесена пријава во полицијата во Босилеград.

Известена е амбасадата на Бугарија во Белград и генералниот конзул, се додава во соопштението.ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...