26.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаГрадоначалникот на германскиот град Херинген е по потекло од Радовиш, Македонија.

Градоначалникот на германскиот град Херинген е по потекло од Радовиш, Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градот Херинген се наоѓа во Германија. Иако мал, има богата историја, а се споменува уште во 1153 година. Најпознат е по калиумот кој се ископува, рудникот денес е најголемата област за ископ на калиум во светот и има површина приближно исто како и Минхен. Изобилува со прекрасни пејсажи, чиста природа и неверојатно зеленило.

<

Е, токму на овој град гадоначалник е Македонец, односно нашинец со македонско потекло. Даниел Илиев е човекот на кој градот му ја даде довербата во два мандати. Исклучително посветен во својата работа, лесно достапен за соработка со граѓаните, спортува и верува дека за добар живот се потребни страст и добри пријатели.

Во Македонија се рашири веста дека Македонец успеал да биде градоначалник во една од највисоко развиените земји во светот, па ние решивме да го контактираме, специјално за Машки магазин:

ММ. Каде го поминавте детството? Дали вашите родители се Македонци? Колку долго живеете во Германија и каде, на кој факултет го завршивте образованието?
– Роден сум во Бад Херсфелд, Германија и живеев уште од мал во Херинген, каде што го поминав целото мое детство. Моите родители се од Радовиш, Македонија. Откако отидов на училиште во Херинген, потоа заминав во Јена на за да студирам. Студирав политички науки, јужнославистика и историја на економија.

ММ. Како се вклучивте во политиката? Што беше пресудно и на која политичка партија припаѓате?

– Јас сум член на социјалдемократската партија во Германија повеќе од 16 години. Секогаш бев заинтересиран за политика и сакав да го направам светот подобро место.

ММ. Како решивте да станете градоначалник на градот? Што беше пресудно?

– Херинген е мојот роден град. Тоа е градот во кој живеат моите пријатели и семејството. Затоа сакав да им го вратам на градот и на луѓето она што ми го дадоа мене.

Повеќе детали на Машки магазин

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...

Ја тепал, ѝ ја запалил колата, барала помош- Страшни детали за убиената велешанка

Не стивнуваат реакциите по двојното убиство и самоубиство во Велес, настан што ја вознемири македонската јавност. Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет вчера ја...

Ова се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

Двојно убиство и самоубиство извршено со остар предмет во семејна куќа во Велес ја потресе јавноста денес. Според полицијата, маж од Скопје денеска ги...

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...