8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНикола од Велес- Момчето кое сакаше да јаде "шпагети" ја доби првата...

Никола од Велес- Момчето кое сакаше да јаде “шпагети” ја доби првата помош од познатото музичко ДУО ДНК.

Александра Тасевска од Велес уште од мала е отфрлена од своето семејство и е исфлрена на улица. Преживеала буквално се, од гладување до преспивање под мостови.
За жал и ден денес е под отворено небо со своето малолетно дете, често гладна и во неизвесност што понатаму и како да го изведе детето на прав пат.
Можеби да не била отфрлена, ситуацијата би и била подобра, па така таа уште од мала била искористувана и била предмет на подбивање.

На 15 години ќе остане во блажена состојба и ќе биде приморана со детето да спие под мостови, за среќа ја пронаоѓа една баба која ја вдомува и ја сака како своја ќерка, а детето како свое внуче.

Токму тоа внуче по име Никола денес има осум години и живеат во куќата на бабата која за жал повеќе не е на овој свет.

Тие се препуштени сами на себе, живеат без денар приход, без секојдневен оброк, без струја и основни човечки услови за живот.

Доста млада преживеала не згода од која едвај останала жива, сето тоа ќе и се одрази на понатамошниот живот, а на 12 години ќе биде набркана од дома.

– На 12 години ми рекоа да го напуштам домот, ме оставија на улица, како знам и умеам да се снаоѓам ми рекоа дека повеќе не можат да се грижат за мене.

– Кога бев средношколка ми се случи настан што цел живот ќе го паметам. Ме земаа и ме искористуваа цели тринаесет дена.

– Потоа заминав и мостовите едноставно беа мои дом и таму спиев. Решив да си го средам животот и се омажив, но не одеше, морав да се спасам и повторно завршив под мост.

– Спиев под мост и тоа во блажена состојба, а таму ме најде баба Цецка. Бев гладна цело време, но немав друго решение.

– Исто така голема бо лка ми е што неможам да си го видам другото дете, кое ми го одземаа веднаш штом се породив и ме набркаа од дома.

После оваа сторија познатото музичко дуо ДНК Андреј и Панчо се одлучија да го посетат ова младо момче и неговата болна мајка…

 

Вчера излезе една сторија ( срце на дланка ) за Александра и малиот Никола од Велес која не допре па решивме да отидеме до кај нив, да се запознаеме лично и видиме како може да им помогнеме. Кога ја исконтактиравме Александра на телефон и запрашавме што им е најпотребно во моментов, целата скршена низ солзи со еден збор ни кажа дека и треба буквално СЕ.
Кога стасавме кај нив не пречека како што доликува и низ раговор дознавме дека пред неколку месеци доживеала мозочен удар од кој се уште се опоравува. Заради состојбата била отпуштена од работа и сега едвај врзува крај со крај. Им однесовме храна – намирници за наредните денови за кои како и секогаш ни помогнаа нашите долгогодишни пријатели од Жито Маркети кои несебично го прифаќаат секој наш повик за било каква помош. Купивме и фудбалска топка и копачки за Никола бидејќи мајка му ни кажа дека обожавал фудбал, па кога му ги дадовме толку многу се израдува што веднаш ги облече, ја зема топката и отиде да игра фудбал со другарчињата. Упатуваме апел до сите добри и хумани луѓе да ја исконтактираат Александра ( 076 856 882 ) и да и помогнат на било каков начин, нормално секој со своите можности. Во моментот најпотребно е да се плати струјата за која имаат долг од 30.000 денари и да се најде градежна фирма која ќе може да и го среди домот. Упативаме апел и до градоначалникот на Велес да ја посети и помогне на госпоѓата Александра но и на социјалните служби да и доделат помош која реално треба да ја добие. Сите кои сакате да ја исконтактирате Александра ќе може да го направите на следниов контакт 076 856 882. Ви благодариме од срце.
Ваши Панчо и Андреј

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...