13.8 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаОткако Бајрам престана да „копа“ биткоини, се троши двојно помалку струја во...

Откако Бајрам престана да „копа“ биткоини, се троши двојно помалку струја во ГТЦ – одговорност нема

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Последниот договор на АД ГТЦ со ЕСМ продажба ДОЕЛ склучен лани на 16 ноември за годишна набавка на електрична енергија е за 6.359 мегаватчаса. Лани истиот договор бил за 12.779 мегаватчаса. Наеднаш истите дуќанџии, истата компанија има потреба за двојно помалку струја. Лани во ноември од магацините на ГТЦ беа изнесени бројни ригови инсталирани за потребите на Елвис Бајрам за „копање“ на биткоини. Така било со години. Заработувачка милионска, одговорност ничија, пишува МКД.МК.

<

Според последниот годишен договор за снабдување со електрична енергијата, АД ГТЦ за 40 милиони денари, без ДДВ, купува струја по цена од 6.291 денар по мегаватчас. Тоа значи дека проценката на АД ГТЦ за периодот од 1 декември 2021 до 30 ноември годинава е дека се потребни 6.359 мегаватчаса.

Потписниците на овој договор и во ноември 2020 година се договориле за снабдување со електрична енергија од 1 декември 2020 до 30 ноември 2021 година исто така за 40 милиони денари (без ДДВ) ама по цена од 3.130 денари за мегаватчас или 12.779 мегаватчаса.

Случајно или не, токму лани во ноември се откри скандалот со „копањето“ криптовалути во магацинскиот простор на ГТЦ од страна на компанија на Елвис и Габриел Бајрам

Овој очигледен криминал со кражба на струја од ГТЦ, а дозволен од страна на АД ГТЦ на сметка на дуќанџиите остана неразјаснет. Сите се прават дека не се надлежни и дека всушност таму никој никогаш и не крадел струја затоа што и немало струјомери во магацините на ГТЦ. Но, фактите говорат поинаку. Сметката за струја која сопствениците на дуќани во Градскиот трговски центар во Скопје ја добиле по затворањето на подрумите во ГТЦ на 16 ноември 2021, каде браќата Бајрам држеле компјутери за копање биткоини, била помала за најмалку 40 отсто. Основани се сомневањата дека четири години дуќаните во ГТЦ плаќале струја и за бизнисите на браќата Бајрам. Нивните трошоци за струја се проценуваат на над 800.000 евра. На риговите за „копање“ биткоини потребно им е 24 часовно напојување со електрична енергија и тоа е најголемата ставка во овој бизнис.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...