5.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаДуќаните во туристичките места слободно може сега да работаат и во недела.

Дуќаните во туристичките места слободно може сега да работаат и во недела.

spot_img

Собранието ги изгласа законските измени – сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница.

<

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места. „Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Северна Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти, објави министерот.

-Охрид и Чаршијата ви се благодарни за несебичното залагање и поддршка за измена на законот за работа во Недела и празници во туристичките места Законот е донесен со поддршка од сите политички партии и со тоа докажавме дека имаме сенс за вакви суштински прашања. Охридската Чаршија ќе продолжи да опстојува благодарение на сите Вас, напиша Маја Бакал претседател на Здружението Чаршиски еснаф

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...

Димитриевски ја покажа лузната од 27-ми април: Вистинските виновници не се изведени пред правдата

Максим Димитриевски коментирајќи ја одлуката на Кривичен суд за уважената амнестија за организаторите на 27-ми април, во студиото на ТВ21 ја покажа лузнат од...