20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаКузеска: Потонаа во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација

Кузеска: Потонаа во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација

Во францускиот предлог кој што, како што вети, Владата јавно го објави, клучно за нас е дека се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес, оценуваат во СДСМ.

Потонати се во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација. Таква работа ниту имало ниту ќе има. И не може да има со чист македонски јазик во ЕУ.

Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече таа на прес-конференција, кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

„Тоа Мицкоски ниту го имал ниту ќе го има. Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести. Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега. Со тоа само се потврдува дека Мицкоски нема државнички капацитет, ниту пак има интерес за конструктивен дијалог, туку тој сака единствено да го наметне својот недржавнички став.

Сѐ што Мицкоски прави и на домашен и на надворешен план е предизвикување штета врз државните интереси и позиции“, рече Кузеска.

Таа уште кажа дека „заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција, а деструктивното однесување на Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите и прашањето со Бугарија се коси со секоја логика.

„Мицкоски го одби уште непрочитан предлогот на француското претседателство за отпочнување на преговорите со ЕУ, а прифати Резолуција на Европската народна партија со бугарските барања’, додаде Кузеска и ги повика сите општествени чинители, сите политички партии, да продолжат со својот придонес, да се вклучат во консултациите за заедно да се донесе одлуката.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...