16.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаМакедонијаОд утре блокади низ цела држава против францускиот предлог

Од утре блокади низ цела држава против францускиот предлог

Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.

На протестот, кој засега се одвива мирно и без инциденти, се бараат оставки од Владата која, како што рекоа учесниците, ја доставила срамната преговарачка рамка до Собранието.

-Нашата последна црвена линија е Уставот, рече Ивица Боцевски, кој се обрати на собирот, порачувајќи им на лидерите на опозициските партии дека тие се последниот бедем на македонскиот народ и државност, а собраниот народ на протестот ќе биде нивна заштита и ќе ги поддржи да опстојат за да нема никаква промена на Уставот која ќе ги земе предвид бугарските барања.

Протестпт почна пред Владата, по што учесниците се упатија пред Министерството за правда и зградата на Собранието, каде доцна попладне Владата ја испрати предлог преговарачката рамка, но седница не е закажана.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Штипската Миа Калифа по само 9 дена исфрлена од реалното шоу

Моника Станојкова по само 9 дена од влегувањето во реалното шоу “Елита 8” синоќа на првата елиминација беше кандидат со најмалку гласови од публиката. Нејзиното...

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...

Игор Стефаноски победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1!

Македонија, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на...

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️…

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️… Скандал по скандал, ја следат Зоолошката градина во Битола. Животните кои со децении се чуваат како затвореници, во крајно...