21.1 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаАнгелов: Францускиот предлог е неприфатлив

Ангелов: Францускиот предлог е неприфатлив

Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов го осудува насилството на протестите врз полицајците.

-Тие само си ја вршат работата и си ја сакаат својата татковина. Не заслужија да бидат мавани со камења пред очите на нивните родители, деца или сопруга, рече Ангелов.

Според него, францускиот предлог ваков каков што е неприфатлив.

-Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум, се додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди две-третинско мнозинство. Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот затоа што нивната бројка е минорна. Утре може ќе останат овде кај нас 2-3000 Украинци, па може ќе треба и нив да ги внесеме. Ваков каков што е, предлогот треба да биде доработен, но ако ова е конечниот, тој што треба да се отфрли. Негацијата на македонскиот народ и идентитет е присутна и кај бугарскиот народ, кој под влијание на пропагандата се сврте против браќата Македонци, потенцира Ангелов во емисијата „Само вистина“.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...