14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Македонскиот јазик во ЕУ ќе е еднаков со сите европски јазици,...

Ковачевски: Македонскиот јазик во ЕУ ќе е еднаков со сите европски јазици, потребна е државничка одлука за иднината

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, одржаа билатерален состанок со претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со присутните членови на делегацијата, како и амбасадорот на Европската унија во земјава Дејвид Гир.

Премиерот Ковачевски на средбата упати благодарност до претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен за континуираната цврста поддршка и лична заложба за Република Северна Македонија да добие датум за преговори без понатамошни одлагања, со оглед на тоа што иднината на Западен Балкан e во Европската Унија.

Премиерот Ковачевски подвлече дека во овие клучни моменти за државата кога треба да се носат мудри и државнички одлуки, присуството на претседателката на Европската комисија е јасен сигнал за поддршката на евроинтегративните процеси на Северна Македонија.

На билатералната средба премиерот Ковачевски, рече дека Владата останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, што всушност е потврда и со европскиот предлог.

Тој додаде дека, очекува да биде поддржан од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури. „Имаме предлог кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка“, потенцираше премиерот Ковачевски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...

Нов пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид

Попладневно, избувна пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица на град Охрид.

26-годишно момче од село во Македонска Каменица се обидело да силува 68-годишна жена од соседното село !!

На 15.04.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица, постапувајќи по...

Затвореник од Идризово во својот дом ја нападнал сопругата, запалил дел од облеката, ги земал децата и исчезнал

На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од...