18.1 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Сали не одговори дали Жан Митрев имал дозвола за хемофилтрација на...

Министерот Сали не одговори дали Жан Митрев имал дозвола за хемофилтрација на пациенти болни од ковид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратен е допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев”, а Агенцијата за лекови МАЛМЕД веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација. По објавената сторија на редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија со наслов „Нечиста крв“ прес-конференција одржа и министерот за здравство, Беким Сали. Тој не одговори дали Министерството за здравство има издадено дозвола за вршење на хемофилтрација како метода за лекување на тешко болните пациенти од ковид-19 во болницата Жан Митрев, туку појасни дека сите прашања ќе ги одговори в среда за кога ја закажа следната прес-конференција.

<

Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во Клиничката болница „Жан Митрев” и овој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден кога истекува рокот за да се изјасни болницата“, изјави попладнево на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали.

Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.

„Од Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација“, рече Сали.

Најави прес-конференција во среда во 11 часот кога се очекува да бидат објавени повеќе детали.

Сали ја поздрави и постапката на Основното јавно обвинителство за отворање на предмет за овој случај.

„Во Република Северна Македонија нема недопирливи, а одговорност доколку се утврди ќе има“, порача Сали.
Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...