8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица: Грција и Бугарија можат да ги оспоруваат симболите на македонските пари

Левица: Грција и Бугарија можат да ги оспоруваат симболите на македонските пари

Реакција на Политичката Партија Левица
Непосредно пред потпишувањето на Протоколот за велепредавство, гувернерката Ангеловска-Бежовска оствари средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Мојсова-Чепишевска.

По отворањето на изложбата „Вредности и вредности” на Музејот на народната банка, одржан е состанок каде е договорено културното наследство прикажано на македонските банкноти да им биде претставено на странските универзитети каде што се изучува македонистика. Преку ова странските македонисти ќе можат да се запознаат и со најзначајните парични изданија произведувани на територијата на современата македонска држава, кои се дел од најголемата нумизматичка збирка во државата.

Од обврските кои што нашата држава ги презеде со потпишувањето на Преспанскиот договор, произлегоа правно-формални и реални импликации кои се однесуваат на преземање последователни активности за измени на обележјата на македонската национална валута во делот на белезите со кои зборовно се означува името на нашата држава, а со тоа и на нашата институција. Овие измени треба да бидат спроведени постепено, и на сите банкноти и сите ковани пари кои ги издава Народната банка, како за тие кои се тековно во оптек, така и за сите други што во иднина ќе бидат составен дел од монетарниот систем на современата македонска држава.

Според потпишаниот Протокол, во својата работа, комисијата треба да се придржува кон одредбите на чл. 8 т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, односно „…да придонесе за објективно и научно толкување на историските настани, засновано на автентични историски извори кои се базирани на докази“.

На македонските пари се претставени обележја од нашето културно и историско наследство, како што е споменикот Македониум, Мотив од Крушево, Даут- Пашин Амам, Саат-кулата, Свети Пантелејмон од Скопје, Света Софија, Самоилова тврдина, Свети Јован – Канео и Народниот музеј од Охрид, а како специјален заштитен елемент е вклучен и приказот на географската карта на државата, видлива само под ултравиолетово светло. На кованиците е прикажана стилизирана претстава на сонце, додека реверсите вклучуваат карактеристични репрезенти на македонскиот биодиверзитет.

Дали Македонија директно ќе ги замени банкнотите и монетите во евра или повторно на крајно понижувачки начин ќе ги менува банкнотите и кованите пари, и наместо Советот на НБ да одлучува за визуелниот изглед на сите банкноти – што ќе се најде на предната и задната страна на македонските пари, тоа ќе го стори Бугарија, според капитулантскиот Протокол, што претставува најголемо велепредавство што некогаш го има доживеано Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...