6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКомедијата продолжува: Џафери- Кому да му дадам пауза кога не сте тука,...

Комедијата продолжува: Џафери- Кому да му дадам пауза кога не сте тука, Мицевски: Ти си невоспитан

Нова кавга меѓу старите ривали. Жестока расправија изби меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со претседателот на Собранието Талат Џафери. На реакцијата зошто Џафери ја прекина седницата на која на дневен ред беше точката за финансирање на општините целата пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата, а Мицевски побара еден час пауза. На кого да му давам пауза кога не сте тука, на празна сала не давам пауза, реагираше Џафери и рече дека нема да им даде пауза. Потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се вратија во салата по што изби остра кавга.

„Седи на свое место, ќе бараш збор од таму.

Немој да претеруваш сега

Оди си на свое место и оттаму ќе бараш збор. Зошто викаш. Оди седи на свое место и не викај. Што сум ги минал сите граници?

Оди седи на свое место. Седете на свое место. Никола Мицевски седи на свое место и од таму ќе бараш збор. Се додека стоиш надвор од своето место што и да побараш не можеш да добие. Не си ти војник ти си пратеник. Оддалечи се од мене. Оддалечи се од мене. Не сум те повикал. Седи на свое место затоа што имаш микрофон таму“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Откако седна на место, збор доби и Никола Мицевски. Ваков однос да си имаш дома или во ДУИ, со висок тон му се обрати на Џафери.

„Срамота е ова што го правиш не сме дома кај тебе. Четириесет и кусур пратеници седат од оваа страна не може да се однесуваш вака. А не е твоја работа дали седат или стојат. Во име на тие 40 пратеници имаат координатор. Ти не си тука мене да ми речеш. Да си го собереш мнозинството.

– Не покажувај со прст.

Не покажувам на тебе со прст. Абе немој сега прст, прст, немој да ми кажуваш приказни. Се однесуваш тука, да не речам како некој погрден збор, како невоспитан на говорница. Тебе ти се обраќам. Тебе ти се обраќам…“, возврати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

На седницата требаше да се расправа за Законот за финансирање на општините, но поради тоа што имаше пријавено за збор за овој закон, Џафери ја одложи седницата. Инаку, овој закон е заглавен во Собрание веќе две години.

Извор: ТВ 21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...