10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОткази во ГЕС: Арсовска тврди трошеле, а не работеле, Шилегов ѝ напиша...

Откази во ГЕС: Арсовска тврди трошеле, а не работеле, Шилегов ѝ напиша упатство за работа

Претпријатието за енергетика на Град Скопје „Градски енергетски системи“ (ГЕС) остана без вработени оти сите си дале отказ. Причината е што три месеци не земале плата, а подолг период не биле ниту здравствено осигурани.

Директорот Гоце Трпчевски за порталот sdk.mk изјави дека АД ГЕС Скопје се наоѓа во многу незавидна состојба поради незаинтересираноста на градоначалничката Данела Арсовска. И покрај постојаните барања за средба, со Арсовска се виделе само еднаш, лани во ноември непосредно при нејзиното доаѓање на функцијата. Тогаш Арсовска побарала да се достави извештај за досегашнато работење на ГЕС и потоа ниту еднаш не одговорила на нивните повици и оставени се без пари.

Градоначалничката Данела Арсовска преку Фејсбук статус обвини дека во ГЕС ништо не работеле, а трошеле пари.

„Некој кој формираше претпријатие во кое 3 години вработените трошеле пари на граѓаните за високи плати не работејќи ништо, најмалку што треба да направи е да се скрие од јавноста наместо да ја истакнува својата неодговорност кон средствата на граѓаните во време на криза. ГЕС, неговиот управен одбор, директор и вработени за 3 години потрошиле повеќе од милион евра пари на граѓаните без да реализираат ниту една активност“,

напиша Арсовска на Фејсбук.

Реакцијата на градоначалничката следи откако нејзиниот претходник, Петре Шилегов, по веста за колективниот отказ иронично напиша дека многу полесно е да се згасне претпријатие отколку да се реализира нешто. Претпријатието е формирано за време на раководењето на Шилегов, за да ја преземе топловодната мрежа во градот, но не доби лиценца. Сепак ГЕС не е тартан, напиша Шилегов на Фејсбук и објави упатство за користење.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...