21.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДелегацијата на ВМРО-ДПМНЕ си замина од Мечкин Камен: „Власта не го пушти...

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ си замина од Мечкин Камен: „Власта не го пушти народот што не е за СДСМ да присуствува“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ си замина од Мечкин Камен пред обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, обвинувајќи дека власта не го пуштила народот што не е за СДСМ да присуствува на Мечкин Камен.

<

Добивај вести на вибер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ си заминува затоа што не планираат да бидат дел од митинг на СДСМ, со оглед на тоа што, како што истакна, манифестацијата е партиска.

„СДСМ, за жал, не успеа да се надмине себе. Донесоа тука исклучиво партиски активисти кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација. На одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука. Не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба“, изјави Николоски.Прашан дали им било кажано на граѓаните од кои причини не им е дозволено да присуствуваат на настанот, Николоски рече дека образложението било оти ги немало на протоколарната листа.

„Јас лично бев да интервенирам кај неколку, го повикав и владиниот протокол, ги немало во протоколарната листа, очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме“, рече Николоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...

Мицкоски: Црешите оваа година се скапи бидеќи ги фати мразот.

Не не, цената на црешите за килограм не е 500 денари како што велите туку од 200 до 300 денари. Не велам дека таа...

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав.

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно се споделуваше на социјалните...

Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум- Вреден 11,7 милиони евра

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго...