15.1 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНа комисијата при вршење на увид во Битола им се мешал...

На комисијата при вршење на увид во Битола им се мешал бугарскиот конзул

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа.

<

Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“, вчера беше извршен најавен увид во просториите на Центарот во Битола.

– При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР, се вели во соопштението од КСЗД.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението, е формирана и работи согласно законот за спречување и заштита од дискриминација и според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на Република Северна Македонија и за својата работа одговара единствено пред оваа институција.

По извршениот увид во просториите на клубот, Весна Бендевска од КСЗД во изјава за медиумите рече дека тоа е сторено по претставка за дискриминација од граѓанско здружение, но не прецизираше за што се однесува претставката, потенцирајќи дека Комисијата нема да прејудицира наводи, туку ќе го објави мислењето откако ќе заврши постапката.

– Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме другата страна против која е поднесена претставката и да прибавиме документи. Дојдовме на увид кој е најавен пред една недела и извршивме увид на просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесувачот на претставката, изјави Бендевска.

Културниот центар „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април во присуство на претставници на бугарскиот државен врв.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...