15.1 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаДодека сум јас министерка нема да има цензура

Додека сум јас министерка нема да има цензура

По огромната  реакција на јавноста по повод изјавата на министерката за култура дека уметниците треба да прават по весели и ненавредливи креации посебно не кон источниот сосед   во интервју за VOA , министерката се дообјасни на својата официјална  страна. Еве што изјави

По реакциите во јавност за мојата изјава во интервју за VOA, чувствувам обврска да објаснам неколку аспекти.

ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!
Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!”
Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања.
Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.
И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца полицајци ослободиле осуденик зашто немало место во затворот во Битола

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според...

Македонецот од Пирин ќе ви каже каков проблем имал со Грк поради неговата тетоважа

Во Бугарија се осеќам како Македонец, до сега проблеми сум имал само еднаш и тоа во Грција.. Откако еден грк ми ја виде тетоважата додека...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот...

Есенски екскурзии за пензионерите од Битола

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до...