11.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаСпоред воената моќ С. Македонија е на 135 место од 142 држави...

Според воената моќ С. Македонија е на 135 место од 142 држави во светот

Годишниот извештај на „Global Firepower“ ги оценува воените капацитети на државите со цел да се утврди кои нации доминираат во светот според воената моќ

Според годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се оценува воената моќ на секоја земја, Северна Македонија е на 135 место од вкупно 142 земји колку што биле земени во предвид.

Први на листата се САД, по што следуваат Русија, Кина и Индија. Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.

Годишниот извештај ги оценува воените капацитети на државите, и тоа од разновидноста на оружјето и расположливата човечка сила, до географската локација и финансиската моќ, со цел да се утврди кои нации доминираат во светот според воената моќ. Во анализата се проценуваат повеќе од 50 фактори. Стрелките во боја покажуваат споредба на трендовите од година во година.

Во регионот најголема воена сила е Србија, рангирана на 61 место во светски рамки. Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62-ро место. Црна Гора е на 132 место, Албанија 115, Косово на 140-то место од 142 земји земени предвид. Последни на листата се Исланд и Бутан.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.