9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаОд септември 30 илјади работници од Македонија и од Албанија заминуваат на...

Од септември 30 илјади работници од Македонија и од Албанија заминуваат на работа во Србија

Околу 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе одат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи. Како што објави српски Курир, граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациски броеви на „Отворен Балкан-ИД“.

Предвидено е граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји, да ги внесе своите податоци преку порталот е-Управа и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“. Секој граѓанин кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји, а целта е постапката да биде иста во Србија, Македонија и во Албанија.

 

Тоа ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд. Дополнително, според експертите, целиот регион ќе стане многу поатрактивен за странските инвеститори, бидејќи полесно ќе најдат работници што им недостасуваат.

 

Директорот на владината Канцеларија за ИТ и е-Управа, Михаило Јовановиќ за Курир изјавил дека сите професии што и се потребни на Србија интересни им се на луѓето од Северна Македонија и Албанија.

 

„Сметаме дека ќе има работници кои ќе дојдат со завршено високо образование, но и оние кои имаат основно и средно образование. Многу се барани работниците во градежништвото и  во областа на земјоделството. Треба да има многу заинтересирани и од областа на здравството, бидејќи платите овде се повисоки. Сепак, уште поважно е што како регион сите ќе станеме многу поинтересни за странските инвеститори, бидејќи побрзо и полесно ќе се дојде до работници, а тоа е една од причините тие да инвестираат во овој дел од Европа“, кажа Јовановиќ.

 

Небојша Атанацковиќ од Сојузот на работодавачи на Србија оцени дека поголем број работници ќе им бидат од корист на работодавците за работни места кои вообичаено се секогаш испразнети.

 

„Мислам дека граѓаните на Северна Македонија и Албанија во рамките на Отворениот Балкан ќе бидат многу заинтересирани да дојдат кај нас, бидејќи условите и приходите се многу подобри. Исто така, кај нас работодавачите ќе имаат поголем избор и можност конечно да ги пополнат позициите за кои подолго време не можат да најдат соодветна работна сила. Ни недостигаат сите профили на занаетчии во градежништвото, заварувачи, потоа сите работници во угостителството и туризмот и за сезонски работи. Очекуваме од септември да пристигнат околу 30.000 работници“, вели Атанацковиќ.

 

Советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Ненад Ѓурѓевиќ кажа дека веќе подолг период има недостиг на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Тој додаде дека по пандемијата, многу меѓународни компании кои имаат свои синџири на Далечниот Исток ја разгледуваат можноста производството да го доближат до матичните компании во Западна Европа.

 

„Како Западен Балкан можеме да бидеме интересна дестинација за ваков тип на работа“, оцени Ѓурѓевиќ.

 

Тој наведе дека ПКС нема прецизни податоци колку работна сила недостига, но наведе дека има потреба од работници за сезонски работи и во меѓународните компании кои работат овде.

 

„Познато е дека овие работници доаѓаат од соседните земји и од одредени земји на ЕУ, така што овој недостиг некако се компензира, но има потреба да се регулира, овие луѓе да имаат здравствено осигурување и да им тече стажот“, нагласи Ѓурѓевиќ.

 

Просечната плата во Србија изнесува 631 евро.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...