4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПротест против поставување крст – жителите на Пресил-Крушевско: Ова е провокација, сите...

Протест против поставување крст – жителите на Пресил-Крушевско: Ова е провокација, сите сме муслимани!

Жителите на населеното место Пресил, крушевско протестираа против поставувањето на крстот висок 30 метри во нивното село.

Велат дека е провокација, бидејќи, како што додаваат, сите жители во селото се од исламска вероисповед. Крстот се обиделе да го постават жителите од околните села од македонската заедница.

„Во селото Пресил живеат 100% Албанци и муслимани. Соседните села се речиси сите македонски и немаа ли друг избор да постават 30-метарски крст во некое нивно село, туку го избраа селото Пресил. Во Пресил има црква, не знам колку е стара. Но, тие решија да ја обноват, користејќи ја за манифестации. Почнаа да ја злоупотребуваат нашата добрина што ние ја чувавме нивната црква да не се оштети, да не биде украдена“, вели Џемаил Фејзулаху.

Ова е местото каде беше предвидено да биде поставен крст, без дозвола на надлежните институции. Од Општина Крушево велат дека засега поставувањето на крстот е стопирано, со цел да се види дали надлежните ќе издадат дозвола за тоа.

„Во населеното место Пресил, општина Крушево, имаше обид за поставување на крст во дворот на постоечката православна црква. Постапката е прекината заради тоа што не е добиена дозвола, од аспект на урбанизам, и институциите мора да го имаат последниот збор. Исто така, населените места во општина Крушево отсекогаш негувале добра соработка и комуникација, но овојпат тоа изостана. Во овој случај, не постоеше никаква комуникација и сограѓаните од с. Пресил не беа информирани. Тоа предизвика револт кај нив“, посочи Сотир Габелоски.

Од општина Крушево ги повикуваат жителите во иднина да продолжат со добрата меѓусебна комуникација и да се залагаат за решавање на други проблеми од областа на инфраструктура и економија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...