26.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаМуадини: ЕВН им наплаќа струја на Македонците поефтино од Албанците“

Муадини: ЕВН им наплаќа струја на Македонците поефтино од Албанците“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ЕВН различно им наплаќа на Македонците и Албанците за иста потрошена струја. Кој е крадецот тука?! Кој краде струја, а кој не плаќа?!“ – тврди Осама Муадини, советник во Советот на општина Куманово од редовите на Алијансата за Албанците, во својата објава на фејсбук-профилот, која ја пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА со нејзиниот наслов „ Феноменот на сметките за струја од ЕВН, во односот Македонец – Албанец!“.

<

Муадини пишува: „Кога Албанец кога ќе купи стан, или куќа од Македонец и откако ќе ја среди документацијата за пренос на сопственост, се случува да го остави само струјомерот на име на македонскиот сопственик. Откако ќе почне да живее албанскиот сопственик во тој стан, или куќа, ќе продолжат да му пристигаат сметките за струја на име на поранешниот македонски сопственик со износи од 800-1500 денари.“

„Поминува 1 година и Албанецот решава да го префрли на негово име и струјното броило, за да му доаѓаат и сметките на негово име! Но, по промената на името на сметката, уште од првиот месец ЕВН за истите месечни трошоци за струја доставува фактура од 3000-4500 денари?!“

„Ова се случува само затоа што сега броилото и фактурата за струјата гласат на името на Албанецот?! Кој е крадецот тука?! Кој краде струја, а кој не плаќа?!“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...