18.6 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПо повод 11 Октомври: Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот...

По повод 11 Октомври: Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со изведба на македонската химна во присуство на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, претставници од локалната самоуправа, советници, претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, наши сограѓани започна свечената седница по повод одбележувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание на Македонија.

<

Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Пецаков кој истакна дека Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор, а во сите периоди на своето опстојување Охрид бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и нескромниот придонес во градењето на европската цивилизација…

Во својот повеќедецениски слободарски од градот доживува континуиран национален, социјален, културен и научен развој кои го продолжуваат неговиот сјај на културна и духовна метропола на македонскиот народ, а воопшто и на сесловенскиот свет. И покрај сите специфики на времето во кое живееме, сложеноста на состојбите во кои се наоѓаме, градот успева да ја сочува својата одлика да биде репрезент на целата македонска историја, традиција и култура. За многу одлуки во животот е потребна и храброст. Но, најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и достоинствено да се одговори на предизвиците кои ги носи иднината. Нам ни е потребна онаква храброст, каква што во себе го содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на идниот национален развој. Затоа ови е датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои надоаѓаат. Нека ни е долговечен симболот на непокорот на македонскиот народ, рече Пецаков.

На одбележувањето на 81-та година од 11 Октомври Денот на народното востание и Денот на борецот изразуваме почит кон сите оние кои се бореа и ги дадоа животите за слободата и независнот на Македонија, рече во обраќањето Љубиша Машановиќ, потпретседател од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...