3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниНА СЛАВА ИЛИ СЕДЕНКА КАЈ ТАЧЕ?!

НА СЛАВА ИЛИ СЕДЕНКА КАЈ ТАЧЕ?!

spot_img

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Власт е институционална моќ, заснована на нормативни претпоставки со авторитет, кој произлегува од волјата на граѓаните. Нормативниот поредок е основа на конституирањето на власта. Без организација нема власт. Власта е легитимен облик на моќ. Власта претставува воспоставени односи помеѓу правата и должностите на нејзините носители, но и на оние кои нејзе и’ се потчинети.

Карл Хеинрих германски филозоф и еден од основачите на комунизмот изјавил: “Секој народ има онаква политичка власт, каква што заслужува!“

Прашање е дали народот си ја заслужува власта или ниту еден народ не заслужува власт со даден квалитет? Тезата дека дека секој народ има власт каква што заслужува, е не само коректна, туку егзактна ако се има предвид дека претставниците на власта доаѓаат од народот.

Во очи падна и не можам да се изначудам на се’ и сешто што доаѓа од двоецот Заев-Ковачевски, кој верувале не е од Бога дадена да ни бидат спасители, туку кловнови во политиката.

СДСМ не се победници ниту на едни избори откако се на власт, ниту 2016 ниту 2020. Имено ВМРО-ДПМНЕ се победници по бројот на пратеничките мандати. И тоа е крај на се! Пак ќе го спомнам Маркс и неговата “Секој народ има онаква политичка власт, каква што заслужува!“

Но, ако ја разгледаме ситуацијата во Македонија, таа е малку поинаква отколку што е опишана во таа изрека, бидејќи луѓето на власт не ги доведоа граѓаните, туку интервенцијата на меѓународната заедница. Целта е повеќе од позната, а таа е да се вклучи албанскиот политички корпус заедно со девастирачката двојка Заев-Ковачевски, во орткестрација на Ахмети и дружината за реализација на најапокалиптичното сценарио за Македонија – Бришење на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ!

И во СДСМ има луѓе кои едноставно ја осудуваат апокалиптичната и девастирачката политика на Заев-Ковачевски и бескрупулозата нивна во делот на националните вредости на Македонија, со единствена цел да се реализира најпредавничкиот и накриминогениот план “бришење“ на се’ што е македонско во државата Македонија и светот.

Секако тоа даде за право до вчера верните другари на Заев кои не се штедеа да го одбранат во исфингираниот конфликт во Соранбието на македонија на 27 април 2017 година, како што е градоначалникот на Куманово и основачот на движењето за наше Куманово, кој самиот рече: Му верувавме и затоа застанавме до него, се’ додека не “издрибла“ со менувањето на името и идентитетот!

Ете тоа е вистината, а да бидам искрен, не само Максим со ваков став се и актуелни високи политичари во СДСМ кои остро ја напаѓаат политиката на двоецот Заев-Ковачевски, бидејќи секоја негаторска политика кон Македонија, за нив е неприфатлива и во старт ја отфрлаат! Да потсетам, министерот за внатерешни работи Оливер Спасовски како стрела реагираше веднаш, кога во Битола се постави дивоградба фашисичкиот бугарски клуб “Иван Ванчо Михајлов“, а потоа Борис Трети. Оливер Спасовски и во двете ситуации прв и единствен реагираше остро за овие две дивоградби, а потоа неговиот сограѓанин Таче го стори истото!

Ништо не е случајно и непристојните предлози кои ни ги предлагаат албанските партии во Македонија, а тоа е да се суспендираат 20% според октроираниот документ и единствен во светската и меѓународната политика за албанските права позната како “Рамковен договор“ или читај “Кардинална сеанса“, чин на кој беше донесен овој ексклузивен проект или експеримент реализиран во една независна и демократска држава Македонија 2001!

Почит кон сите лидери на политичките партии на македонските Албанци. Се обраќаат на Македонски јазик. Тоа е за почит, но што правиме со Али Ахмети, кој ниту еден збор македонски не изусти во Македонија, потсетувајќи дека живее и роден е во Македонија! Тоа е пред се’ политичка некултура и непочитување. Секоја чест на Зијадин Села, кој важи за голем поддржувач на албанската кауза и други, впрочем да, бидеме на чисто до еден од нив се за, албанскара кауза, но нелогично да живеете во една држава каде имаме мнозински народ Македонски, како во Германија, Германци, во Франција Французи, во Британија Англичани, сите други можеа да се обратат на официјалниот јазик на мнозинскиот народ или офуцијалниот јазик. Освен тоа и државјанство наместо со евра во плик или слично како во Македонија, во овие држави треба да го познавате течно јазикот на државата исто така историјата за да станете државјанин на Германија, Франција, САД и слично, во спротивно НИШТО ОД БИЗНИСОТ.

Но договор куќа гради, а во нашиот случај рушење или девастирање на куќата Македонија во целост од фундаментите до покривот!

СЕ’ е раздадено, опљачкано и уништено од Македонија благодарение на самурајот Заев. Се сеќавате во што беше облечен Заев на неговиот маскенбал, во родната Струмица и без око да му трепне вели дека е самурај кој сака да се харикира. Да бидат работите потрагикомични и неговиот наследник Таче, даде иста таква изјава. Како и да е оваа ситуација е неразбирлива и јасно наведува на ставот дека во политиката без полиграф и психо тест нема шанса во фотеља!

Ете и раздавањето на Заев како на задушница се раздеде на соседите Грци со преспанскиот документ, а да бидам искрен паѓа веднаш во очи, дека по овој исто така историски документ, Заев требаше безусловно да издејствува влез во НАТО и ЕУ како соседите Бугари кои заедно со Романците кои ден денес важат за најкриминогени држави кои 15 години се судираат со корупцијата, партизацијата, мафијата… а преку ноќ станаа полноправни членки на НАТО и ЕУ.

Македонија за разлика од нив со Акциониот план за членство во НАТО го заслужи без никаква уценувачка работа. Влезот во ЕУ требаше Заев веднаш да го побара. Но, се создаде сомнеж дали зад сето ова стоеја некои други лични реализирани побараувања како што се наведува и сомнеж кај народот по изјавата на Заев во Женева “едно општество за сите“, алудирајќи на Албанците и нивните големи апетити за Широко Косово или Голема Албанија со слоганот “сите Албанци во една држава“!

Помина задушница дојде Митроведен или именден на Димитар, останува дилемата, дали Таче ги кани лидерите на партиите освен неговиот опонент опозицискиот лидер Мицкоски на “слава“ или седенка со “мрсна трпеза“?

Што ќе понуди Таче на славата или лидерската средба? Што ќе се раздава, јазикот, историјата и севкупната културна и национална македонска посебност?

Бугарите никогаш како досега смирени, а како нема да бидат, кога на тацна Таче им ја даде македонската јазична историска и културна посебност, секако со асистенција на албанските партии и нивните “поглавици“. Замислите која хипокризија или первезија, Ахмети вели дека ова што го бараат Алтернатива, Беса и Алијанса на Албанците е непотребно. За потсетување октроираниот Рамковен договор е меѓународен договор чии потписници се САД, ЕУ и НАТО. Тој не е тоалетна хартија. Секако треба да се потпишат овие три столба, а кои цврсто ставија рака и рекоа ова е е ДОСТА! Ќе речам и јас, доста со ваквите ситно шверцерски политики и раздавања.

Мицкоски е јасен во ставот, дека од средбата или одењето на “слава“ кај Таче не оди ако не станува збор за предвремени избори кои се единствен излез од актуелната криза.

Државата усвои буџет околу 6 милијарди евра, највисок во историјата на независна Македонија, а од тоа ништо освен криминал корупција или грабеж. Никаква капитална инсвестиција, никаков бел ден за граѓаните. Останаа и тешките смрзувачки денови кои не очекуват, во зимата најтешка после 100 години.

Стигна ферманот извештајот од Брисел за напредокот на Македонија, каде стои криминал корупција, партизација, непотизам и невладеење на правото! Карикатура од политичари ем Таче и Маричиќ и контроверзниот Бујар кој не случано е поставен за министер за надворешни работи, бидејќи истиот со задникот седи во МНР, а со душата и срцето во Тирана и Косово. Ако, никој не му брани да си ја сака Тирана и Приштина, тоа е природно, но неприродно е да рече дека идејата за семакедонско обидинување е опасна идеја и опасна а побарува нов рамковен договор за ЕУ интеграции?!

Наместо да се покријат и да ги снема, штрафта да фатат од заробените институции и да бараат прочка од Македонскиот народ по род и државјанство, тие како победници и заслужни се однесуваат, а ферманот јасно вели и гласи КРИМИНАЛ, КОРУПЦИЈА, ПАРТИЗАЦИЈА и се’ најлошо. Кој тоа го реализира, власта или опозицијата? Кој е на власт?

Да, Бујар, опасно е се’ што правиш и се’ повеќе штета и’ правиш на Македонија, најпрвин со низата скандали за кои медиумите секој ден обелоденуваат како експертите со своите критики и наместо да дадеш оставка, ти и натаму ги санкаш чесните дипломати како и новонаименуваниот за Русија. Прашувам, господине Османи, дали имаме амбасадор од другите народи во Македонија на пример Србин, Турчин или останати? Не, Османи немате, оти и МНР го приватизиравте односно албанизиравте.

СДСМ веднаш мора да побара вондреден конгрес и смена на оваа неспособна и немакедонска политичка гарнитура. За потсетување, СДСМ е наследник на најстарата политичка партија СКЈ-СКМ и верувам илјадници политичари се согласуваат дека ваквите резил политиканти ја уништија партијата која беше авторитет и синоним на социјалдемократија во Македонија. Стотина професори и доктори на науки како и авторитетни пратеници, секако и починатиот Киро Глигоров кој важеше за врвен економист, ќе се засремат од нив. Не само тој, туку и многу како него, врвни и заслужни социјалдемократи и комунисти се превртуваат во гробовите, оти ништо не останува од Македонија и македонското за кое сите тие се залагале!

СДСМ сеуште може да си го обели образот доколку им се даде можност на тие кои останаа чесни и чесно се залагаат за Македонија и не ја прифаќаат негаторската политика на соседите кон Македонија и македонското.

Се враќаме на славата кај Таче или лидерската средба: Ќе донесе датум за предвремени избори или сепак ќе се сведе на раздавање на последните остатоци од Македонија: Јазикот, историјата, културата – семакедонското!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...