17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаСветЕлон Маск го врати твитер-профилот на Трамп

Елон Маск го врати твитер-профилот на Трамп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Елон Маск, новиот шеф на Твитер, вчера објави дека ќе го врати налогот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, забранет на социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година.

<

Народот го кажа своето. Трамп ќе биде вратен, напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата спроведена меѓу неговите претплатници, кои со големо мнозинство гласаа за враќање на републиканскиот политичар на Твитер.

Нешто повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата, а 51,8 отсто се изјаснија за негово враќање.

По објавата на Маск дека „народот го кажал своето“, на оваа социјална мрежа повторно се појави профилот на Трамп и на него се достапни старите објави на поранешниот американски претседател.

Претходно во текот на денот, Трамп не изгледаше премногу ентузијастички за враќањето на неговата некогаш омилена социјална мрежа.

Не гледам никаква причина за тоа, рече поранешниот претседател во видеото на прашањето дали планира да се врати на Твитер на панел на годишниот лидерски состанок на Републиканската партија.

Тој истакна дека ќе се придржува до својата нова платформа Truth Social, апликација развиена од неговата старт-ап компанија Trump Media & Technology Group (TMTG), за која рече дека има подобар ангажман на корисниците од Твитер и дека работи „феноменално добро“.

Трамп го пофали Маск и рече дека отсекогаш му се допаѓал. Но, тој исто така нагласи дека Твитер страда од ботови, лажни профили и дека проблемите со кои се соочува се „неверојатни“.

Во мај, Маск првпат изјави дека планира да ја поништи забраната за Трамп.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...