5.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаАвстралијаВо Австралија, македонски се учи од забавиште до матура

Во Австралија, македонски се учи од забавиште до матура

spot_img

„Пиреј“ и „Небеска Тимјановна“ звучат уште поелегичо кога се читаат далеку од татковината. Весна Дамчевска, учителка и координатор во еден од центрите на Викториското училиште за јазици, ексклузивно за весникот ВЕЧЕР раскажува дека македонски јазик се учи од претшколска возраст, па сè до матура. Најголем интерес за македонскиот јазик има кај децата со македонско потекло, кај децата од мешани бракови, а во редовните училишта има и деца од друга националност што го учат македонскиот јазик како изборен предмет. Низ нејзините часови досега поминале 17 генерации ученици и посочува дека нејзината мисија како учител е да го зачуваат јазикот, но и традицијата, културата, фолклорот и затоа фокусирано работи на тоа. Како македонист, Дамчевска има големи забелешки за негувањето на јазикот токму во матичната држава. Опоменува дека вистинската борба за зачувување на литературниот македонски јазик треба да почнува дома, бидејќи со сè позачестеното користење и со секојдневната употреба на странски зборови, се сквернави јазикот

Елизабета АРСОСКА

Сè додека постојат говорители на македонски, ќе постои и македонскиот јазик. Оваа максима денеска, кога сме соочени со повторно докажување на македонската посебност и државност, кога имаме непризнавање на посебноста на македонскиот јазик, стигнува како мелем на рана по веста дека во далечната Австралија македонскиот јазик се изучува од најмала возраст. Во Викториското училиште за јазици во Мелбурн, во населбата Килор Даунс, македонскиот јазик се учи од забавиште до 12. клас (наша четврта година средно училиште).

Весна Дамчевска, учителка и координатор во еден од центрите на училиштето, ексклузивно за весникот ВЕЧЕР со гордост раскажува дека има интерес за македонскиот јазик и кај децата со македонско потекло, кај децата од мешани бракови, а во редовните училишта и деца од други националности го учат македонскиот јазик како изборен предмет.

– Во Викторија, македонскиот јазик се изучува во пет државни училишта како дел од наставата и во пет центри на Викториското училиште за јазици, кое е исто така државно, само часовите се одржуваат во сабота. Најголема гордост и успех на македонската заедница во Мелбурн е основното училиште во населбата Лајлор Норт (Lailor North), во кое децата, од забавиште до шесто одделение, имаат настава паралелно и на англиски и на македонски јазик. По завршувањето на основното, овие деца, во зависност во која населба живеат, може да продолжат да го учат јазикот или во редовните или во саботните училишта – ни раскажа Дамчевска.

Во разговорот што го водевме на Интернет, ни откри дека во моментов се запишани околу 100 ученици.

– Основните одделенија се секогаш полни, но на ниво на средно училиште, бројот на ученици се намалува. Но, тоа е нормално, не сите деца одат на факултет. Во Австралија, занаетите се многу ценети, со нив добро се заработува и не е срамота ако децата ви се занаетчии – вели учителката чија мисија е зачувување на македонските јазик, култура, традиција. Појаснува дека сите училишта во кои се изучува македонскот јазик работат според наставната програма на државата Викторија. Таа работи во едно од саботните училишта, каде што наставните единици се тематски и обично на една тема се работи од четири до пет саботи. Литературниот или стандардниот македонски јазик се изучува преку четирите главни компоненти: слушање, говорење, читање и пишување.

– Користиме различни извори за материјали, учебници подготвени од наставници од Австралија и од Македонија, и аудио и видеоматеријали од Интернет. За учениците од 11-та и 12-та година има посебно дизајнирана наставна програма. Овие ученици имаат огромен интерес за изучување на македонските историја, фоклор и традиции. Најголем интерес пројавија при обработките на романите „Пиреј“ и „Небеска Тимјановна“ од македонскиот великан Петре М. Андреевски. Обработувајќи го романот „Пиреј“, самите ученици се поистоветија со троскотната трева пиреј, дека и тие се гранче од оваа трева, изникнато толку далеку од коренот. За оваа цел, учениците преку виртуелна средба се запознаа со сликарот и уметникот Сергеј Андреевски, син на академикот Петре М. Андреевски. На оваа средба, тој им раскажуваше за својата уметничка работа и за животот и делото на својот татко. Годинава, одбрана тема за македонскиот испит им беше традиционалната далекупозната Галичка свадба, преку која учениците се запознаа со многу стари обичаи и традиции што се практикувале во Македонија во минатото, а и денес сè уште се практикуваат, со богатите народни носии и со филигранскиот накит. Бидејќи нашиот јазик е во групата наставни предмети со кои се собираат поени за запишување на факултет, на крајот на 12. година учениците полагаат устен и писмен испит по македонски јазик, а освоените поени им е додаваат на поените од другите испити, и поените може да помогнат за запишување на саканиот факултет – вели нашата соговорничка, која македонскиот јазик, но и традицијата, фолклорот и културата, досега го пренела на 17 генерации ученици.
ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ТУКА-ВЕЧЕР,МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...