19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорот на топланата, Рамадани пцуеше новинарка: Пи*ка ти материна... матер ти е*ам!

Директорот на топланата, Рамадани пцуеше новинарка: Пи*ка ти материна… матер ти е*ам!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, во телефонски разговор со пцовки и навреди ѝ се обраќаше на новинарката на МКД.мк Катерина Додевска, која ја работеше темата за дозволите на топланата. Откако беше консултиран и коректно му беше пренесена изјавата во објавениот текст дека топланата Скопје Север работи на мазут, но без дозвола, се јави и наместо да реагира за својата изјава, со пцовки и со висок тон ѝ се обраќаше на новинарката на МКД.мк. Пцовките, викањето и заканите од Рамадани се пријавени во новинарските здруженија, а во продолжение ќе следуваат истражувања за спорното работење на топланата Скопје Север.

<

Редакцијата на МКД.мк го објавува разговорот што е во јавен интерес. Темата што ја работевме се однесува на прашања од еколошки карактер и опасности за здравјето на граѓаните. На топланата Север не ѝ е познат квалитетот на мазутот и мерењата на штетните материи што се испуштаат во воздухот.

Разговорот во кој директорот неколку пати ја пцуе новинарка

Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака?!

Новинарката: Ви кажувам дека како што Ве консултирав Вас, ги консултирав и од Град Скопје, од другата страна.

Г. Рамадани: И што?!

Новинарката: Како што? Вашата изјава дали е во ред?

Г. Рамадани: Дека работиме на своја рака?!

Новинарката: Вашата изјава дали е во ред?

Г. Рамадани: Мојата е во ред, кај кажав дека работиме на своја рака, пи*ка ти материна!

Новинарката: Молам?

Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака?

Новинарката: Јас не сум Ве цитирала во Вашата изјава дека Вие кажувате дека работите на своја рака?

Г. Рамадани: Насловот, од кај го извадивте тоа, пи*ка ти материна.

Новинарката: Господине Рамадани…

Г. Рамадани: Матер ти еб*м…

Новинарката: Значи, во Вашата изјава не пишува такво нешто и Вашата изјава е пренесена како што треба. Насловот е цитиран од друг извор.

Г. Рамадани: Ви плаќаат таму да пишувате, ве плаќаат, ве плаќаат!

Новинарката: А кој ме плаќа мене? Кој Ви дозволува на Вас како директор да се обраќате со пцовки кон новинар?

Г. Рамадани: Ве плаќаат!
Новинарката: Како може да се обраќате со пцовки кон новинар кој коректно Ви се јави и Ви пренесе изјава?

Г. Рамадани: Коректно, Вие сте коректни?!

Новинарката: Да, точно, ние сме коректни?

Г. Рамадани: Ти си коректна?!

Новинарката: Да, точно. Изјавата прочитајте ја, во неа ниту еден збор, ни додаден, ни одземен, од Вас е. Во текстот, во насловот односно…

Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака, од кај го земавте тоа?

Новинарката: Од брифинг од друг извор, кој немам обврска да го откријам.

Г. Рамадани: А бе кои сте вие да пишувате таков наслов?!

Новинарката: Ние го пишуваме насловот врз основа на наши извори.

Г. Рамадани: Ќе ве тужам, да знаете!

Новинарката: Ако мислите дека имате основа за тужба, слободно.

Г. Рамадани: Не мислам, 100 посто!

Новинарката: Добро, во ред.

Г. Рамадани: Ќе видиш, ќе видиш!

Новинарката: Какви се овие пцовки и закани?

Г. Рамадани: Ќе видиме, ќе видиме, да знаеш!

Во нашата држава последното истражување на ПИНА покажа дека над 80 отсто од новинарките се соочиле со вознемирување. Редакцијата на МКД.мк нема да запре и ќе остане на висина на задачата за прашањата од јавен интерес, и како и до сега ќе работи професионално.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...