7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаСветПапата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези

Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези

spot_img

Десетици илјади верници и достоинственици се очекува да присуствуваат на церемонијата на жалост за поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти денеска во Ватикан. Ќе го води актуелниот папа Франциско, пренесоа светските агенции.

Според традицијата, Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези. Неговото тело беше положено во ковчег од дрво од чемпрес, кој ќе содржи монети и метали исковани за време на неговото папство, неговиот палиум (литургиска облека) и метален цилиндар со текст со детали за неговите години на чело на Римокатоличката црква.

Овој ковчег од чемпрес потоа ќе се стави во поголем ковчег од цинк, кој пак ќе биде сместен во уште поголем дрвен ковчег. Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во криптата на базиликата Свети Петар на местото каде некогаш бил погребан папата Јован Павле Втори.

Ова место стана празно кога смртните останки на Јован Павле II беа преместени оттаму во капелата во базиликата.

За ритуалот на погребување на Бенедикт Шеснаесетти во три ковчези, кој важи за сите папи, теологот Бери Етериџ од Универзитетот во Кент вели дека првиот ковчег, направен од дрво чемпрес, симболизира дека папата е обичен смртник како и сите други. Вториот ковчег, кој обично е или цинк или олово, симболизира времетраење и стабилност. На него е поставен едноставен крст и плоча со името на папата и времетраењето на неговиот понтификат. Третиот дрвен ковчег обично се прави или од костен или од брест и го симболизира достоинството на папството. Закована е со клинци од чисто злато.

Церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти . На него ќе присуствуваат голем број државници, шефови на држави, премиери и министри. Италија ќе биде претставена од претседателот Серџо Матарела, Германија од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, а Франција од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. На церемонијата ќе присуствуваат и кралот на Белгија – Филип, претседателите на Полска и Того, поранешната шпанска кралица Софија.

Префектурата Рим очекува денеска во Ватикан да дојдат 100.000 луѓе. А 195.000 луѓе му оддадоа почит на Бенедикт Шеснаесетти во тридневниот аџилак во кој посмртните останки на поранешниот папа беа изложени во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Церемонијата започнува во 8:50 часот по локално време. Ковчегот со смртните останки на Бенедикт Шеснаесетти ќе биде однесен на плоштадот Свети Петар. Таму ќе се служи миса на која ќе учествуваат повеќе од 4.000 кардинали, бискупи и свештеници. Литургијата ќе биде во латински обред, но ќе се служи на повеќе јазици.

Над 1.000 новинари од 30 земји ќе го следат погребот. За обезбедување на безбедноста се мобилизирани 1.000 полицајци, а ќе им помагаат волонтери од италијанската цивилна одбрана.

Во Германија, епископската конференција ги покани црквите во земјата да ѕвонат во 10 часот по Гринич во спомен на Џозеф Рацингер (како што беше световното име на папата Бенедикт XVI). Денеска знамињата во Италија се на половина копје. А Португалија прогласи ден на национална жалост.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...