18.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: НЕ ПОЗНАВАМ ДРУГ НАРОД КОЈ ПОВЕЌЕ СТРАДАЛ ОД ПРЕДАВСТВАТА НА...

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: НЕ ПОЗНАВАМ ДРУГ НАРОД КОЈ ПОВЕЌЕ СТРАДАЛ ОД ПРЕДАВСТВАТА НА СВОИТЕ СИНОВИ!

spot_imgspot_img

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Се навршуваат 151 години од раѓањето на човекот кој остави најдлабок печат и стана најсилен симбол на македонската ослободителна идеја.

Парадокс невиден, минатата година беше година на јубилеј 150 години од раѓањето на Делчев, милијарди евра буџет, а владата на СДСМ и ДУИ ниту денар не одвоија за овој важен датум на македонскиот великан.

Денес го распродаваат чинот на одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце.

Гоцевата порака: “Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите!“ е јасна порака со единствена цел, а тоа е дека светот е дом на сите напредни народи, кои имаат цел на почит, достоинство и национална просебност.

Секако, во тој контекст, не прави некому што не сакаш тебе да ти го направат!

Но, ние денес дали во Македонија или во соседството никако да ја разбереме оваа порака, па оттука следува и пораката на Гоце, која е и наслов на оваа колумна:

“Не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови….“

Овој великан како да ја претскажал иднината на Македонија и на одродниците или предвниците.

Велат немој со такви зборови!

Не, секому според стореното и злоделото, бидејќи познато е дека светот и историјата ќе не паметат по делата и злоделата, правдата и предавствата!

Да се потсетиме за македонскиот апостол, кој во една прилика еден политикант го нарекол, а потоа истиот се дрзнал да потпише еден срамен документ познат како Софиски документ во 2017 година и создаде целосен хаос во Македонија и пошироко!

Гоце Делчев е роден 1872 година на 4 февруари во еден од културните центри и револуционерни жаришта на Османлиска Македонија, во градот Кукуш.

Неговиот краток, но богат животен пат стана обележје на целокупното македонско револуционерно движење во крајот на XIX и првата половина на XX век, се’ до создавањето на современата македонска држава.

Од тој момент, па сѐ до денес, тој се трансформира во најсилен темел на нашата современост.

Неговата мисла и идеја не е само бела политика, туку една длабока филозофија на себепронаѓањето, храброста, одлучноста, пожртвуваноста за својот идеал.

Неговиот идеал беше пред сѐ Македонија со храбри и самосвесни граѓани.

Делчев во една прилика напишал:

”Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница”.

Суштината на неговата работа беше пред сѐ да го разбуди духот на човекот, од нем роб тој да стане предводник и предвесник на идните дни.

Да стане борец кој неуморно ќе се бори. Единствено самосвесен човек може да работи и да ја креира иднината на своето опкружување.

Втората етапа од неговата борба беше “Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население“.

Размислувајќи за идеалниот човек, запишал: “Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива”, односно ја дал основата на онаа исконска и секогаш актуелна мотивациска филозофија.

Делчев не е само лик од едно време, од една борба, Делчев е човек чија идеја се оствари и чија филозофија одекнува во современоста.

Тој се вброи во великаните на човештвото и неговото значење, никогаш не се намали, напротив се’ повеќе се зголемува.

Неговит бит е жив, жив е во оној кој е свесен граѓанин на општеството, оној кој мисли, дејствува, се бори за подобро утре, за подобар свет.

Неговото дело не е предмет што би требало да се дели, напротив Делчев претставува фигура, кој носи белег на една универзална филозофија на бунтовноста, себеистакнувањето и борбата за општ напредок на човештвото.

Труд и постојанство тоа е аманетот кој ни остави и столб од кој не смееме да се откажеме.

“Ќе бидете глупави ако ни верувате на зборовите а не ни ги гледате делата“.

Познатиот говорник Cicero – Цицеро (106 – 43 пред новата ера), ќе рече:

“Ако имаш библиотека и градина, имаш сѐ што ти треба”!

Јас ќе додадам: Нема народ на земјината топка кој помалку знае за својата историја од Македонците.

Македонците, “благодарение“ на политичката шизофренија се на добар пат да ја загубат “библиотеката“ (метафора за образованието, знаењето, способноста за логично размислување и аргументирано заклучување, историјата, корените) и од земја лична и убава како рајска градина, да создадат депонија за токсичен отпад.

Секој современ народ го брендира својот јазик, своите историски ликови, легендите кои се раскажуваат по селата и градовите и од тие прават приказна.

Приказна која, зависно од визијата на уметниците, понатаму стануваат книга, филм, театарска претстава, играна серија… ама тоа некако изгледа многу далеку за еден народ кој не знае кој е Филип Втори, Христо Татарчев, Тодор Александров, Даме Груев, Коста Солев Рацин, Блаже Конески, Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Крсте Петков Мисирков… и уште плејада други маестрални умови кои низ нивното непресушно перо пишуваат за македонското девојче, македонската вечна борба за слобода, за македонскиот непокор…

Да бидам искрен наидов на едно многу добро прашање, кое еве веќе неколку дена се обидувам да си го одговорам.

Што е ново во политиката со соседните држави кон Македонија, после Ѓорѓи Димитров?

Ништо! Ама баш ништо. Иста политика, исти ставови, исти барања, исти аргументи, исти тези, ист вокабулар.

А, што е ново?

Нова е спремноста, мои сограѓани на компромис. Спремноста на нашата политичка елита која седи во удобни фотељи, а мекоста на истата таа фотеља ги маѓепсува, па забораваат до каде им се границите?!

Границите за кои можат, а за кои не смеат ни да помислат да преговараат.

Нова е спремноста да се избрише македонската историја која ја создавале сите оние кои не дозволиле покорување сите овие години.

Тогаш се прашувам, чуму ни се резолуциите на ЕП за ОМО Илинден Пирин и за Македонците во Бугарија, кога и сами знаеме дека немаат обврзувачка сила, па така ни Бугарија ни Грција не треба да го менуваат законодавството, освен ако политичката иницијатива на ЕП не биде преточена во законодавна иницијатива од Европската Комисија, па да помине низ европските парламентарни лавиринти?

Да се надеваме дека заложбите на адвокатот Тони Менкиновски кој жолчно се бори за правата на Македонците во Бугарија, и дрскоста на Бугарија игнорирајќи ги изречените Пресуди на Европскиот суд во Сразбур во интерес на нашинците од ОМО ИЛИНДЕН ќе донесе конечен епилог, а тоа е Бугарија добие “шут карта“ или надвор од Советот на Европа!

Се останато е само пуста надеж на секој Македонец, каде и да се наоѓа во моментот, дека нештата ќе се подобрат.

Не ми вадете наводно истражување од 4000 и кусур испитаници, кои наводно сметаат дека историја не треба да се учи.

Мене и на македонскиот народ тоа не ни значи ништо.

Сакам моите внуци да знаат за Питу Гули, Јане Сандански, Гоце Делчев.

Сакам да се восхитуваат на храброста на петте струмички студенти, да зборуваат за Елпида Караманди, Мирка Гинова, Таки Даскало, Ѓорги Наумов, Мара Јосифоска односно целиот Битолски партизански одред “Пелистер”.

Сакаме да гледаме играна серија за големата љубов на Гоце Делчев, Јанка Охриѓанката?

Колкумина од нас знаат дека тоа била љубов од невидени размери?

Колкумина од денешната политичката “елита“ знаат за аманетот кој Гоце го оставил пред да тргне во востание?

Нормално, скоро и да не знаат дека тој бил “да му ја чуваат Јанка и татковината!“.

Незрели, себични “елити“ и политичари, се обидуваат да не лишат и од македонската историја.

Вековниот сон на сите кои лежеле затвор за ние денес да си играме мајтап со Македонија, никогаш не бил нивен сон, трагично но вистинито.

Затоа да не ве чуди што историја ја нема во новиот “совршен“ концепт за образование, што пари за наука во новиот Буџет за 2023 година 6 милијарди евра “нема ни епрувета“, да не ве чудат картичките за кркање по кафани, ваучерите за одмор, па и “грижата“ за “Купувај домашно“, која не претвори во пу, пу не важи… сега е веќе “Купувај, што ќе стигнеш“.

Нит им било некогаш гајле за своето, домашното, нити пак за маката на тутунарите, оризарите, млекарите, овоштарите… ни за секоја капка пот на македонскиот земјоделец.

Сосема на крај, време е Гоцевата раса, да излезе и да каже “ДОСТА е!”

Гоце во друга прилика ќе порача:

“…Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…“

Затоа, доста е за сите тие што ни го ускратуваат правото на припадност и на дедовина!

Доста е, за понижувањата, доста е за секоја солза што е пролеана за самостојност и непокор на оваа држава!

Ќе ја повторам уште еднаш Гоцевата:

“Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија?

Дали има народ понесреќен од македонскиот?

И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

За крај, а како одговор на овој октоиран галиматијас што ни го приредува рускиот пилот Радев и неговата “свита“, а кој наместо да е кадарен да состави конечно честита и нормана влада за европска функционалност туку за 365 дена 5 неуспешни обиди, тој повторно со заканувачки тон и ноти кон Македонија.

Еве ќе го потесетам и овој пат на Гоцевата порака:

“Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа „помош“ создадената состојба на работите внатре; таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални привилегии…

Повторувам, ударот ќе биде страшен!“ (Гоце Делчев, на собранието во Софија, март 1901 година)

Што тука е нејасно?!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...

Велигденски хуманитарен базар во Охрид!

Велигденски хуманитарен базар во Охрид! На плоштадот Крушевска Република, денес, се одржа Велигденски базар, кој имаше хуманитарен карактер. Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма...

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел...

Разбојништво во струшкото село Враништа !!

На 29.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во спортска обложувалница во селото Враништа, струшко, едно лице со остар предмет...