7.1 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаВовчето Ќирчо е ноќевалиште на бездомници, неопходна му е ревитализација

Вовчето Ќирчо е ноќевалиште на бездомници, неопходна му е ревитализација

spot_img

Локомотивата на вовчето Ќирчо која годинава наврши 105 години од нејзиното производство во Касел во фабриката „Хеншел“ Германија е потсетник на едно време кога преку теснолинејката Скопје-Охрид повеќе од четири децении се развезувале локалните жители
Композицијата од вовчето Ќирчо поставена пред железничката станица во Кичево пред повеќе од пет децении е потсетник на едно време кога тука поминувала теснолинејката Скопје-Охрид, која повеќе од четири децении им служела на локалните жители за превоз до нивните села или градови. Но, под забот на времето почна да се оштетува надворешноста на трите вагончиња и парната локомотива-пишува Нова Македонија

Грижата за оваа композиција ја има музејот „Западна Македонија во НОВ“ кој треба да превземе итна акција за негова заштита, за да не дојде до нејзино целосно пропаѓање, потврди поранешниот директор на музејот Душан Ристоски.

-Композицијата на популарното вовче Ќирчо што е поставена на булеварот „Ослободување“ пред железничката станица во Кичево е под закрила на музејот „Западна Македонија во НОВ“, кој е задолжен да се грижи за негово одржување и заштита. Поради изложеноста на секакви метео-услови трите вагони од оваа композиција под итно треба да се префарбаат и да се заштитат за да не дојде до трулење на неговата надворешност. Исто така локомотивата на вовчето Ќирчо која годинава наврши 105 години од нејзиното производство во Касел во фабриката „Хеншел“ Германија, мора да се заштити од корозија и натамошно рѓосување, бидејќи постојаната изложеност на секакви временски промени почнува да ја нагризува и да остава траги врз нејзината надворешност – вели Ристоски.
Нова Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...