7.1 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаНА БОКИ-13 МОРА ДА МУ СЕ ИЗВАДИ ЖЕЛУДНИКОТ ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ!

НА БОКИ-13 МОРА ДА МУ СЕ ИЗВАДИ ЖЕЛУДНИКОТ ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ!

spot_img

„Со ова медицинско иследување и наод се потврдува фактот дека осудениот Бојан Јовановски нема услови и можност да се лекува и да се третира во пенални затворски услови и дека врз пациентот терапевтскиот третман не е спроведуван, ниту реализиран“ – велат правните застапници на Боки-13.

Правните застапници на Бојан Јовановски познат како Боки-13, кој се наоѓа на отслужување затворска казна во КПУ „Идризово“, велат дека на нивниот клиент крајно и алармантно му се влошила здравствената состојба.

На Боки-13 завчера (на 7. март) му била извршана горнодигестивна ендоскопија, гастроскопија, и билопредложено да му се изврши оперативен третман – тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување на желудникот.

Со ова медицинско иследување и наод се потврдува фактот дека осудениот Бојан Јовановски нема услови и можност да се лекува и да се третира во пенални затворски услови и дека врз пациентот терапевтскиот третман не е спроведуван, ниту реализиран“ – велат правните застапници на Боки-13.

Тие велат дека неговиот живот е ставен во сериозен ризик.

„Оттука, потенцираме дека Основниот кривичен суд Скопје веќе цели 4 месеци нема донесено правосилна одлука по барањето за прекин, постапка која по својот карактер и итна, а истовремено судот не презема никакви дејствија и не одлучува по жалбената постапка ниту во разумен рок, иако до судот навремено се доставени сите овие медицински докази и од страна на одбраната се преземени сите расположливи средства предвидени со закон, но за жал, негативната тенденција и тортура кон осудениот Бојан Јовановски е поголема од сите реални факти и законски основи за уважување на барањето за прекин на издржување на казна затвор. Воедно ја информираме јавноста дека на ден 01.02.2023 година поднесено е барање за прекин и до директорот на Управата за извршување на санкциите, кој е суверен во својата одлука и не е врзан со одлуката на судот, но и од овој орган нема сѐ уште одлука“ – се жалат адвокатите на Боки-13.

Тие јавно прашуваат дали системот свесно, организирано и координирано го убива Бојан Јовановски и кому тоа му одговара.

„Кој ќе понесе одговорност за веќе настанатите последици по здравјето и животот на Бојан Јовановски“ – прашува правниот тим на Јовановски и во прилог го доставува специјалистичкиот извештај од извршената гастроскопија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...