29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАпелациониот суд ги укина затворските предуди за Миле Јанакиески, Вељаноски и Ристовски.

Апелациониот суд ги укина затворските предуди за Миле Јанакиески, Вељаноски и Ристовски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, ја укина првостепената пресуда и предметот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје, соопштија од судот. Од Скопска апелација велат дека Основниот кривичен суд требало во поголема мера да го разгледа прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење- јавува СДК.Мк

<

На 26 јули 2021 година, Основниот кривичен суд го осуди поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот кривичен суд на 6 години и 6 месеци затвор, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски на 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 6 години затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, околу организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.

За избеганите Никола Груевски во Унгарија и Никола Бошкоски – Боксер од УБК, кој е побегнат во Солун, постапката е запрена до нивно наоѓање, односно апсење.

Првостепениот суд сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривична постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите која влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење. Првостепниот суд не ги утврдил правилно и со сигурност сите решителни факти по однос на преземените процесни дејствија кои го исклучуваат кривичното гонење во смисла на член 416 став 1 точка 3 в.в со член 113 од Кривичниот законик. Ова, од причини што при постапувањето и одлучувањето во предметот, првостепениот суд ги занемарил истакнатите приговори, како во формална, така и во материјална смисла по однос на примената на Законот за амнестија (Сл.весник на РМ бр.233/2018) кој во член 1 став 1 и 2 ги пропишува условите кои се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година, за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените постапки и ослободување од издржување на казната затвор“, се вели во соопштението на Апелациониот суд Скопје.

СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...