19.9 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаUncategorized @mkПроф.Ацевски: Кога им ја укинуваш историјата на деца од 10-11 години, значи...

Проф.Ацевски: Кога им ја укинуваш историјата на деца од 10-11 години, значи дека им ја укинуваш нивната иднина како Македонци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога ќе им го укинеш предметот Историја на децата на возраст на 10-11 години, кога се најчувствителни, кога практично детето почнува да го формира светот и кога буквално се буди неговата свест за сопствено идентитетско осознавање, за сопственото потекло, за припаѓање кон народ, кон држава, тоа значи дека им ја укинуваш нивната иднина како Македонци“ вели професорот по социологија Илија Ацевски во изјава за „Нова Македонија“.

<

Прашање е дали ова е направено смислено. Случајно сигурно не е, но доколку е случајно, тогаш е уште пострашно, вели Ацески.

Според социологот, несфатливо е некој да се дрзне да ја укине Историјата како предмет, бидејќи таа е клучна за идентитетското осознавање на една личност.

„Нејасно е како едно дете од десет години ќе го оставиме незапознаено со тоа кое е, што е, да биде лоцирано во тој свет на етничко, историско, национално, народно битисување… Не можам да најдам зборови како да го објаснам ваквиот несфатлив чин“ вели Ацевски и стравува дека младите генерации ќе бидат оставени како „табула раза“, да ги обликува кој како што ќе стигне.
„Ние живееме во време на наплив на информации отсекаде, во време на интернет, и кога на овие генерации ќе им ја испумпаш и таа и онака тенка врска со сопствената историја и идентитет, тогаш за што зборуваме повеќе. Искрено, не верувам дека дотаму ќе оди работата“, вели професорот.

Негово мислење е дека децата мора да ја знаат историја на сопствената држава и никој не смее да ги лиши од тоа сознание.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...