26.9 C
Ohrid
недела, јули 21, 2024
ПочетнаМакедонијаДевојчињата од струмичко кои исчезнаа во Скопје повеќе нема да ги земаат...

Девојчињата од струмичко кои исчезнаа во Скопје повеќе нема да ги земаат на екскурзии

Училишниот совет во ОУ „Гоце Делчев“ од струмичко Босилово ќе одлучува за тоа какви постапки или дисциплински мерки ќе бидат преземени за ученичките кои вчера исчезнаа осум часа во центарот на Скопје, додека по нив трагаа полицијата, роднини и граѓани.

Директорот на училиштето, Стево Божинов, за „Фокус“ потврдува дека ученичките по кои се трагаше во иднина ќе бидат суспендирани од сите планирани училишни екскурзии.

Станува збор за екскурзија во која учествуваа 123 ученици и 19 наставници. Значи, еден наставник бил задолжен за шест до седум ученици, што значи дека тоа е доволен број за да се има контрола над ситуацијата. По посетата на саемот групата дошла во „Веро Џамбо“, бидејќи туристичката агенција која е организатор имала договор со некој од рестораните, каде децата ручаат, а потоа било предвидено да се прошетаат во кругот на трговскиот центар. Заминувањето беше планирано во 16 часот, групата се собрала во 15.50, а двете ученички се одделиле под изговор дека го заборавиле паричникот“, вели Божинов за „Фокус“.

Наставнички го пријавиле исчезнувањето на девојчињата на возраст од 12 и 14 години околу 16 часот, откако не се појавиле во договореното време за тргнување кон дома. По масовната потрага на МВР, но и на голем број граѓани, кои самоиницијативно се организираа преку социјалните мрежи, ученичките беа пронајдени десетина минути пред полноќ, од страна на полицијата, во близина на Стара рампа во Кисела Вода.

Според МВР, девојчињата биле пронајдени во добра состојба, но поради нивната возраст не можат да откриваат повеќе детали во јавноста.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Шутка недостигале 13 затвореници, 12 се вратиле, еден никаде го нема

При вонредна контрола на затворот Шукта на инспектори на Управата за санкции утврдени се низа нерегуларности. Од Управата за Телма велат дека дури 13...

Амбасадорот на Република Турција (Турк Фатих Улусој, во прва официјална посета на Општина Охрид.

Амбасадорот на Република Турција (Туркије), Фатих Улусој, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Графоначалникот Пецаков на средбата со Н.Е. разговараше за можностите...

Ангелов им додели благодарници на странските пилоти кои помагаат во гаснењето на пожарите

Синоќа (петок, 19.07.2024), на храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак...

Таравари го именува доктор Горан Маркоски за нов дирекор на Општата болница во Охрид.

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи: – Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче – Институт...