9.9 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаСветБратучед на владиката Пахомие се сомничи дека од касата на Епархијата украл...

Братучед на владиката Пахомие се сомничи дека од касата на Епархијата украл 5.200.000 динари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата во Врање ја разреши мистеријата за исчезнувањето на парите од касата на Епархискиот дом во Врање и по наредба на обвинителот уапси маж (42) од Врање поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело тешка кражба.

<

Осомничениот, архитект кој своевремено работел во Епархијата, е обвинет дека во раните утрински часови на 14 мај годинава од сефот на Врањската епархија украл пари во износ од околу 5.200.000 динари.

Полицијата пронашла 4.800.000 динари откако извршила преглед на автомобил шкода, кој бил паркиран во дворот од семејната куќа на осомничениот, а парите ќе бидат вратени во Врањската епархија – потврдиле за „Новости“ од Основното јавно обвинителство. кој го води случајот.

Неофицијално, самиот осомничен на полицијата ѝ кажал каде се парите кога му тропнале на врата.

– Мојот клиент не даде формално правна изјава, точно е дека парите се пронајдени и вратени. Во постапката ќе се докаже дали навистина се земени 5.200.000 динари или сумата што недостасувала – изјави за „Новости“ правниот застапник на осомничениот, адвокатот Игор Златковиќ.

Аферата со кражба на епархиски пари ќе има епилог на суд, иако сите се збунети од развојот на настаните бидејќи осомничениот е братучед на владиката Пахомие, кој претходно работел во Епархијата.

Заедно со семејството живеел во непосредна близина на Епархиската палата и ја уживал довербата не само на епископот туку и на дел од свештенството.

Но, се шпекулира дека самиот владика го отпуштил токму поради сомнежот дека ја злоупотребил довербата и дека после тоа заминал за Ниш, но често бил во Врање, бидејќи неговото семејство сепак живеело таму.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...

Пејачката Наташа Малинкова е кандидат за советничка во Општина Кавадарци

Поп-рок пејачката Наташа Малинкова (42) е кандидат за советничка на Совет на Општина Кавадарци на претстојните локални избори. Нејзиното име се најде на листата...

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци...

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...