24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаАлбанец од Велешта го нападнал Бугаринот од Лабуништа, но дали тепачката била...

Албанец од Велешта го нападнал Бугаринот од Лабуништа, но дали тепачката била за коцкарски долгови?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Македонија, Б.К. од Лабуниште, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.
Шило Магазин од свои извори дознава дека тепаниот имал наводно коцкарски долгови, а имал и добра соработка со Виктор Стојанов од фондацијата Македонија.

<

Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница.

Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива.

За овој инцидент вчера извести и македонското МВР: „Жител на струшкото село Велешта денеска околу пладне физички нападнал лице од селото Лабуништа. СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути. Според првичните информации, двајцата подолг временски период имале нерасчистени меѓусебни односи“.

Бугарските медиуми јавија дека Кадриески бил соборен на земја и клоцан, а напаѓачот, А.Н. од Велешта, за кој се претпоставува дека е Албанец, го навредувал по етничка основа – „валкан Бугарин”.

И веднаш на ова се надоврзуваат инфомациите дека Кадриски е тешко повреден, дека едваj зборувал, дека нема соодветна медицинска нега… Од струшката општа болница велат дека Кадриески немал сериозни повреди, бил видно вознемирен и му бил даден само седатив.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...