31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаОМД бара Албин Курти да се прогласи за непожелна личност во Македонија

ОМД бара Албин Курти да се прогласи за непожелна личност во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во отсуство на годишни одмори, без покана на ниту еден државен претставник, во заедништво, албанската опозиција и владина партија направија културен пуч во Македонија, прогласувајќи победа на албанскиот народ на сите територии на бивша СФРЈ. Победата беше прогласена од страна на косовскиот премиер Албин Курти кој среде Скопје, го промени името на улицата „2-ра Македонска Бригада” во „Адем Демаќи”. Со овој потег и прегазување на бригадата која ја ослободи и делуваше на скоро сите фронтови во централно и источниот регион на Македонија како и Сремски Фронт, Србија, Хрватска и Словенија, албанските балисти, креираа културна победа во центарот на Македонија, Скопје“ се вели во реакцијата од Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) .

<

Оттаму го осудуваат овој чин „како закана за културата, нацијата и државен удар каде странски премиер, прогласува победа во отсуство на македонски (домаќин) политички лидер“.

„Пораките, испратени од косовскиот премиер Албин Курти, на ден после одбележувањето на 110 годишнината од Букурешкиот договор, кој помина без никакво владино адресирање, до ниту една интернационална организација за денот на кој започна македонскиот геноцид, албанските претставници внатре во државата, прогласија скопски договор, кој го прекршува уставот на Република Македонија и ги прекршува културните обележја, претставува закана за националниот поредок и покажува реалната слика на политичките опозициони и вчадеачки албански партии“ реагираат од ОМД..

Оттаму го повикаа македонскиот граѓанин „независно од било каква етничка, религиска или било каква друга припадност, кој посакува територијата на Македонија да остане независна, суверена и верува дека има напредок, да не потпаѓа под овие етнички поделби, да се спротистави на странско политичко адресирање. ОМД бара од македонската Влада, да напише протестно писмо кон Косово, го прогласи Албин Курти за персона нон-грата“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...