7.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски контра Ковачевски: Ние ќе победиме на изборите !!!

Мицкоски контра Ковачевски: Ние ќе победиме на изборите !!!

spot_img

Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признаам, но има само еден начин тоа да го докаже и покаже, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, во обраќањето на традиционалниот пикник по повод 11 Октомври во Куманово, дека СДСМ ќе ја формира идната влада..
Наместо како кукавица да биде под фустанот на ДУИ, нека излезе на избори па ќе видиме кој кого ќе победи, какви ќе бидат резултатите. Се додека како кукавица коленичи под фустаните на поголемиот партнер во Владата ДУИ, за жал ќе остане само на кукавичко заканување, а делата ќе изостанат. Има мали карактери кај кои што проработува филозофијата на нивната фрустрација и честопати тие знаат таа фрустрација и во јавност да ја артикулираат, но еве јас го повикувам еднаш да се охрабри, да не биде кукавица, да не се крие, нека излезе на избори да се соочиме со граѓаните и да видиме кој е тој, дали тој ќе победи или резултатот ќе биде поинаков. Ние сме подготвени уште утре да се распушти Собранието и да одиме на избори – порача Мицкоски.

<

Ковачевски изјави дека СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада.

-Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Северна Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе бидат поразени. Затоа што никој не сака неизвесност, изолација и економска стагнација – кажа Ковачевски.

Според него, граѓаните сакаат економски напредок, повисоки плати, подобар живот во европска држава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него,...

Пратеничка на ВМРО стана витез!

Моментите на гордост треба да се споделат. Денеска нашата колешка, пратеничката Бети Стаменкоска – Трајковска беше одликувана од страна на Н.Е францускиот амбасадор Кристоф Ле...

САД ги симнуваат знамињата со ЛГБТ и БЛМ: Трамп воведува „политика на едно знаме“

САД ги симнуваат знамињата со ЛГБТ и БЛМ. Државниот департмент на САД, под раководство на Доналд Трамп, во понеделникот ја воведе знаковната „Политика на...