-0.1 C
Ohrid
сабота, јануари 18, 2025
ПочетнаМакедонијаТатко ѝ студирал во Скопје, а неа ја посвоиле во Прилеп –...

Татко ѝ студирал во Скопје, а неа ја посвоиле во Прилеп – Ана од Рума ги бара своите вистински родители и семејство

spot_img

Педесетгодишната Ана Пејиќ од Рума, Војводина преку социјалните мрежи бара било каква информација за нејзините биолошки родители, кои се труди да ги најде веќе 25 години.

Сакам да знам која сум и чија, дали сум оставена или украдена, вели таа, додавајќи дека никој во семејството не сака да ѝ каже.
Таа била посвоена во Прилеп, и тоа е сè што дознала од документите за посвојување, но кога направила ДНК анализа преку MyHeritage, од каде ја поврзале со прва братучетка од татковата страна. Таа му открила дека таткото на Ана во 70тите години студирал во Скопје. Се вика Суад Мохамед Манаа и живее во Дубаи, но не сакала да ја открива и неговата адреса.

Ве молам погледнете го овој човек, можеби некој ќе го препознае од факултет. Посебно луѓето кои живеат во Дубаи и оние кои студирале во Скопје. Ако во Македонија бил студент во 73-та, значи е роден околу 1950 година, вели Ана.
Таа апелира да се сподели овој нејзин пост, бидејќи интернетот е чудо и можеби некој ќе го препознае нејзиниот татко и би ја знаел девојката со која тој се забавувал во тоа време.

Мислам дека тие не знаат дека постојам. Татко ми нема виткана коса, па мојата веројатно е наследена од мајка ми. Ви благодарам добри луѓе на помошта, пишува таа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во срцето на градот Охрид, веднаш до градскиот пазар се отвори новиот Кафе бар Инфинити.

Во срцето на градот Охрид веднаш до градскиот пазар се отвори новиот кафе бар Инфинити. Кафе Бар Инфинити е повеќе само место за пиење кафе-...

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога-

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога. Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на...

Во Битола 72-годишен дедо влегол во “банка” со хебла и пиштол.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво...

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија. Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и...