-1.1 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаХорор во Гостивар: Го полил со бензин вработениот на технички преглед, оти...

Хорор во Гостивар: Го полил со бензин вработениот на технички преглед, оти не бил задоволен од услугата !!!

spot_img

44 годишен жител на село Градец е уапсен утринава, откако предизвикал сериозен инцидент во станицата за технички преглед во Гостивар.

Според информациите тој бил незадоволен од услугата на вработените и едниот од нив го полил со бензин, а потоа го полил и својот автомобил по што се обидел со запалка да предизвика пожар. Во намерата го спречиле неколку лица присутни во објектот во тој момент.

Од СВР Тетово го потврдија случајот и информираат дека полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар околу 10 часот и 30 минути го лишиле од слобода 44 годишниот И.Р. од Градец.

“ Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото. Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.“, соопшти полицијата за А1 он

Извршен е комплетен увид, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
А1 он

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...