25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСо една минимална плата порано можело да се купат 170 четвртини бурек,...

Со една минимална плата порано можело да се купат 170 четвртини бурек, а денес 270 четвртини и тоа добар бурек

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јас сум економист и можам да зборувам за економија, бурек економија во современата наука не постои. И ако сакате во бурек да пресметате во тоа време со една минимална плата можело да се купат 170 четвртини бурек, денес можат да се купат 270 четвртини бурек и тоа добар бурек, изјави бившиот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Тој, покрај другото, во синоќешното интервју во Тема на денот на ТВ Сител се задржа на бурекот и економијата:

<

– Во време на Владата на ВМРО ДПМНЕ кога советник во Владата беше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, минималната плата беше 8.000 денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Сега се потребни 2 минимални плати за 1 потрошувачка кошничка,
тврди Ковачевски.

Тој во интервјуто посочи дека Владата предводена од СДСМ „со правилни политики успеа да го надмине ветувањето за просечна плата од 500 евра и денес просечната плата изнесува 650 евра“. Ковачевски потенцираше дека „владите предводени од СДСМ ги исполнуваат ветувањата за подобар живот на граѓаните за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои лиферуваат лажни прогнози и шират паника“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството бара поголем ангажман од надлежните институции

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било каква помош за пронаоѓање на 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на...

Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван...